beautypg.com

Македонски – Milwaukee M12 TI User Manual

Page 61

background image

120

121

AНАЛИЗИРАЊЕ НА ТОПЛИНСКА СЛИКА

Во овој чекор ги подготвувате сликите за протоколот.

Со функцијата ANALYSE IMAGES можете да укажете на одредени

места во сликата и со свои зборови да објасните какво значење Ви

откриваат во сликите утврдените и прикажаните температури. Вие

можете да маркирате точки на температурите, да ја маркирате

палетата бои и да вметнувте различни маркирања или забелешки.

Кликнете на долната лајстна на менито на ANALYSE IMAGES или –

кога се наоѓате во работниот чекор MANAGE IMAGES – на површината

за преклучување > NEXT, за да стигнете до функцијата за

анализирање.
Изберете слика за анализа на тој начин што ќе кликнете било на

краткиот преглед на сликата на левата страна од екранот или на

површините за активирање > BACK или > NEXT. Во приказот ќе видите

топлинска слика со вметнати SPOT METER и IMAGE NOTE.

OРУДИЈА ЗА АНАЛИЗИРАЊЕ НА СЛИКИТЕ

Во следниот текст ќе најдете опис на сите орудија. Во секое време

можете да се вратите во работниот чекор ANALYSE IMAGES за да

направите понатамошни промени дури и тогаш кога веќе имате

изработено протокол.
НАПОМЕНА: Пишаниот текст во некоја слика го бришете едноставно

со маркирање со глувчето и кликнување на х-копчето.
Лајстна со симболи за изборот на слика:
Кратките прегледи на сликите се претставени на левата страна од

екранот. Изберете слика на тој начин што било директно ќе кликнете

на краткиот преглед на сликата или пак на површините за активирање

< BACK или > NEXT.
Орудија за анализа:

SHOW EDITS: Ги прикажува или исклучува забелешките во сликите.

Дури и кога се исклучени односно не се гледаат, тие и понатаму

остануваат во протоколот. Тие стануваат невидливи само привремено.

Нивното исклучување е на пример корисно и за тоа да се види што се

наоѓа под забелешката.
SPOT METER: Кога е активирана оваа функција Вие можете со

глувчето да поминете преку целата топлинска слика и на секоја точка

на снимањето се прикажува температурата. Со левото кликнување на

глувчето Вие ставата SPOT METER маркичка со соодветната

температура.
AREA METER: Со оваа функција Вие можете да ја измерите и

прикажете просечната температура во некое конкретно подрачје.

Позиционирајте го глувчето во аголот на подрачјето кое што сакате да

го маркирате, држете го левото копче на глувчето притиснато и

повлечете раб околу саканото подрачје. Во подрачјето на забелешки

во десниот долен агол на екранот се прикажува просечната

температура како и минималните и максималните температурни

вредности во склоп на маркираното подрачје. ^ ја прикажува

највисоката вредност во ова подрачје. v ја прикажува најниската

температурна вредност во ова подрачје.

Види приказ

PUSH PIN: Со PUSH PIN-от Вие можете да маркирате едно место и да

внесете коментар. Коментарот се прикажува во подрачјето за

забелешки под сликата и е содржан и во протоколот. Следниот приказ

прикажува еден пример:

Коментарот кажува “Раката на Даниел на топлинската слика.” На

нормалната фотографија раката и дланката можат лесно да се

препознаат, но на топлинската слика тие потешко можат да се утврдат.

Оваа забелешка значи била вметната за на примателот на протоколот

да му го олесни препознавањето на раката и н дланката кои што

покажуваат одреден цевен вод.
IMAGE NOTE: Со оваа функција можете да нотирате многу кратки

напомени во сликата. Тие забелешки се појавуваат и во протоколот.

BACKGROUND ATTRIBUTES: Со оваа функција Вие можете да

примените еден корективен фактор за мерење на температури, за да

ја компензирате рефлектирачката инфрацрвена енергија која што

зрачи од соседни објекти вон подрачјето на сликата. Подолу ќе видите

еден пример за подесување.

НАПОМЕНА: Оваа функција Ви е потребна само во екстремни

случаеви каде што е важна што е возможно повисока прецизност при

мерење на температурата. Таа не придонесува при покажувањето на

разликите во температурата што е потребно кај најголемиот број

случаеви при барање на грешки.
SEVERITY: Со оваа функција во топлинската слика можете да внесете

симбол кое што ќе го прикажува значењето на топлинската слика во

три различни нивоа: LOW

CAUTION

и ALERT .

Notes Bar:
Во ова подрачје на екранот се прикажуваат сите IMAGE NOTE-и и

SPOT METER-и кои што ги имате поставено. Исто така и

дополнителните описи се прикажуваат. Со кликнување на симболите

за минимирање/максимирање десно горе над лајстната за забелешки

можете да ги исклучите забелешките. За повторно активирање на

приказот на лајстната на забелешки потребно е повторно да кликнете

на симболот. Со исклучување на лајстната за забелешки Вие добивате

и повеќе простор за работење со анализата на сликата.

Следниот приказ прикажува топлинска слика која што била

обработена со сите функции кои што стојат на располагање.

МАКЕДОНСКИ

Подесување на мерното подрачје и палетата со бои: Со функциите во

долниот дел на приказот на топлинската слика Вие можете по желба

да го менувате мерното подрачје и палетата со бои. Вие безгрижно

можете да испробувате различни подесувања. Податоците кои што се

меморирани во апаратот со топлински слики остануваат неизменети

дури и кога ќе ги примените подесувањата на сликата.

BUILD REPORT

Кликнете на BUILD REPORT (изработка на протокол) во долната

лајстна на менито. Со тоа сите Ваши анализирани податоци ќе се

меморираат и менито за изработка на протокол се отвора (види го

следниот приказ).

Најдобра метода за учење на функцијата на протоколот секако и

испробувањето на различните опции за вид и големина на писмото,

насловни страници и содржини. Кликнете потоа на PRINT PREVIEW

(печатење на краткиот приказ). Резултатите од Вашите подесувања

веднаш ќе ги препознаете ако наизменично одете помеѓу BUILD

REPORT и PRINT PREVIEW.
За да го внесете текстот за протоколот кликнете на полето за

внесување на текст така што тоа ќе стане бело и потоа внесете го

саканиот текст. Ако сакате можете текстуалните места да ги копирате

од клипбордот на Windows на насловната страница или во

содржината. Со тоа имате можност од други документи да исечете

текстуални места и да ги вметнете во текстуалното поле на

насловната страница или на содржината.

PRINT PREVIEW

Кликнете на PRINT PREVIEW на долната лајстна на менито. Со тоа

Вашите подесувања на форматот се меморираат и менито PRINT

PREVIEW се отвора. Кога ќе сакате во протоколот нешто да измените

едноставно вратете се кон претходниот чекор, изведете ги саканите

промени и повторно кликнете на PRINT PREVIEW. Вие можете

наизменично да идете од една до друга точка, како што сакате.

Изработката на извештај не мора нужно да претставува линеарен

процес. Едноставно пробајте!
За да ја смените сликата на насловната страна едноставно кликнете

на менување слика, тражете и пронајдете ја во Вашиот компјутер

сликата која што сакате да ја примените.
Кога ќе бидете задоволни со протоколот кликнете на SAVE и потоа на

PRINT REPORT или на CREATE PDF на горниот раб на екранот. Вие

можете да уредите и различни верзии на истиот протокол. Секоја

верзија се снима во свој сопствен фајл.
НАПОМЕНА: Во работниот чекор PRINT PREVIEW сé уште можете да

додавате или отстранувате сетови слики од работниот чекор MANAGE

IMAGES. За отстранување на слики од протоколот едноставно

деактивирајте го контролното кукиче на левата лајстна на менито за

извор на слика. Веќе отстранета слика во секој момент може повторно

да биде придодадена. За да придодадете комплетно нова слика

вратете се назад до работниот чекор MANAGE IMAGES.

МЕНИЈА FILE, EDIT И HELP

Pull-Down-менијата во горната лајстна со симболи се независно од

софтверот секогаш активни.

Менија Фајл и

Фајл/подесувања:

Со менито Фајл можете да уредите нов протокол, да експортирате

слики, кои што ги имате вчитано од апаратот со топлински слики во

регистрато на Вашиот компјутер или можете да ги измените

подесувањата на софтверот (види следен приказ):

Обработка на менито:

Со обработката на менито ги управувате сликите кои што сакате да ги

обработите во една работна постапка.

Мени помош:

Кликнете на Software Manual за да го отворите прирачникот во свое

прозорче. Кликнете на Инфо, за да ја прикажете софтверската верзија.

МАКЕДОНСКИ