beautypg.com

Milwaukee M12 TI User Manual

Page 58

background image

114

115

МАКЕДОНСКИ

МАКЕДОНСКИ

Овие подесувања на апаратот за топлинска слика му

соопштуваат кој материјал треба да биде избран. Подесувањето

на коректниот степен на емитирање е важен и има значително

влијание врз прецизноста на мерењето на температурата. Во

следната табела наведени се различните материјали и

соодветните вредности на емисија.
АЛУМИНИУМСКИ .............0,35

АСФАЛТ .............................0,95

БРИК ...................................0,95

БЕТОН ................................0,83

БАКАР ................................0,60

IRON ...................................0,70

МАСЛО (ПЕТРОЛИУМ) ......0,94

БОЈА ..................................0,93

ГУМА ..................................0,95

ПЕСОКОТ ..........................0,90

ПОЧВА ...............................0,92

ЧЕЛИК ................................0,80

ВОДА ..................................0,93

ДРВО ..................................0,94

Под CUSTOM може да се избере емитирачкиот степен

нумерички. Под MATERIAL може да се изберат претходно

подесени степени на емисија на соодветните материјали.
Степенот на емисија е односот од топлинското зрачење на

измерената површина и црно тело при иста температура. Црно

тело теоретски претставува перфектен зрачител на инфрацрвено

зрачење (IR).
Тоа значи дека чувствителноста на апаратот за топлински слики

може да се подеси независно од инфрацрвените особини на

зрачење на мерниот објект. Рефлектирачки материјали (метал,

стакло) имаат низок степен на емисија и имаат поголема потреба

од корекција.
При мерење на површини со многу низок степен на емисија може

да се зголеми прецизноста на температурното мерење на тој

начин што површината ќе се облепи со мат-црна изолирачка

трака или пак се лакира мат-црно. Мат-црните површини

поседуваат степен на емисија од 0,95.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

За да се минимизира опасноста од електричен удар, пожар или

оган, никогаш не нанесувајте изолирачка трака или боја на

електрично наполнети површини. Секогаш проверете дали

електричниот уред е исклучен пред таквата површина да биде

допрена.

МАНУЕЛНО ПОДРАЧЈЕ ИЛИ АВТОМАТСКО ПОДРАЧЈЕ

При вклучување на апаратот за топлински слики секогаш е

предподесен AUTO RANGE. Тоа значи дека автоматски се

одредува најниската и највисоката температура ќе го одредат

температурното подрачје на термичката слика. Најчесто со

таквиот начин се постигнуваат најдобрите резултати. За да се

подеси помало или поголемо температурно подрачје може да

изберете MANUAL RANGE.
Типични причини за избор на MANUAL RANGE:
Објектот кој што треба да се мери има мало температурно

подрачје и Вие сакате да се осигурате дека малите температурни

разлики ќе бидат прикажани. За таа цел MANUAL RANGE треба

да се подеси да биде помал отколку AUTO RANGE.
На објектот кој што треба да се измери има една екстремно

жешка точка и Вие сакате да се осигурате дека тоа ќе биде

прецизно измерено. За таа цел MANUAL RANGE подесете го да

биде поголем отколку AUTO RANGE.
На објектот кој што треба да се измери се наоѓаат многу жешки и

многу студени подрачја и Вие сакате да се осигурате дека двете

температури ќе бидат прецизно измерени. За таа цел подесете го

MANUAL RANGE поголем отколку AUTO RANGE.
За да се подеси MANUAL RANGE треба да постапите како што

следи:

Притиснете го копчето

и изберете RANGE. На дисплејот ќе се

појави следниов приказ:

50

48.6°C

30

MANUAL

AUTO

Притиснете го копчето

и изберете MANUAL. На дисплејот ќе

се појави следниов приказ:

LEVEL

SPAN

21

19.0°C

10

Копчињата и да се притиснат за да се подеси распонот за

најдобриот приказ.
Копчињата и за да се подеси нивото (LEVEL) за најдобриот

приказ. При поместување на LEVEL се поместува сиот прозорец

на температура преку подрачјето.
Копчето

повеќекратно да се притисне за да се потврди

подесеното ниво и распонот и за да се вратите во работниот

модус.

МЕНУВАЊЕ НА ПАЛЕТАТА БОИ

Следните слики ги покажуваат палетите на боите IRON,

RAINBOW и GRAY. IRON е стандардното подесување. Ова

подесување е најпогодно при ниски разлики во температурата.

111

37.5°C

71

GRAY

RAINBOW

IRON

111

42.0°C

69

GRAY

RAINBOW

IRON

111

38.3°C

71

GRAY

RAINBOW

IRON

Палетите бои можат да се менуваат.
GRAY ги прикажува најголемиот број детали и е соодветен за

формати на податоци кои што не подржуваат боја.
RAINBOW за разлика од IRON употребува поголемо подрачје на

боја. Со тоа може да се претстави поголемо подрачје на

температура.
За да се замени палетата бои треба да се постапи како што

следи:
Копчето

да се притисне и со копчето да се избере COLOR,

потоа да се притисне копчето

. Со копчињата или да се

избере RAINBOW или GRAY и со копчето

да се потврди.

ИЗРАБОТКА НА ТОПЛИНСКА СЛИКА

Напомена: За да може да се меморираат слики, мора да е

инсталирана СД картичка. Доколку не е инсталирана СД картичка

ќе се појави напомената SD CARD MISSING.
Копчето да се држи притиснато околу 2,5 секунди сé додека не

светне дисплејот.
За време на фазата на загревање апаратот за топлински слики

со линија го прикажува процесот на напредување. Потоа следи

сензорското калибрирање.

Од модусот на мирување следи само кратка фаза на загревање.

За време на фазата на загревање камерата не реагира на

притиснување на копчињата.
Да се отвори поклопецот за објектив и да се остави да се

влежишти со штракнување.
Да се подеси острината на сликата кај прстенот за подесување.

Острината на сликата се подесува во мали чекори и во тоа време

се набљудува сликата пред да биде превземено следно

подесување. Подесувањето на острината на сликата се

разликува од истото кај нормални слики.
Во следната слика температурата во средината на топлинската

слика изнесува 48,6 °Ц (индикација горе). Во долното подрачје

линијата за боја го прикажува температурното подрачје
(распон 30 °Ц - 50 °Ц). Распонот автоматски се подесува во

модусот AUTO (стандардно подесување).

50

48.6°C

30

MANUAL

AUTO

Со притиснување на прекинувачот може да се сними

прикажаната слика. Уште едното притиснување ја меморира

сликата на СД картичката.

230

Ý&

95

&$1&(/

6$9(

За сликата да не се меморира, со копчето се избира CANCEL и

се потврдува со копчето

.

Напомена: Секоја минута апаратот за топлински слики кратко

време паузира за да го калибрира сензорот. Притоа може да се

слушне кликнување. За време на калибрацијата апаратот за

топлински слики не реагира на притиснување на копчињата.

ИЗРАБОТКА НА ФОТОГРАФИЈА

Секогаш кога се изработува топлинска слика, апаратот за

топлински слики истовремено снима една нормална слика.

Топлинската слика и нормалната слика заедно се меморираат. За

прикажување на топлинска слика или нормална слика со помош

на копчето

може да се изврши прекопчување.

Следната слика го прикажува истото подрачје како и претходната

топлинска слика. Нормалната фотографија го олеснува

одредувањето на топлинската слика према објектите.

Апаратот за нормални фотографии има свој сопствен објектив

(под објективот за апаратот за топлински слики). Не е потребно

подесување на острината.
Напомена: Доколку снимките со нормалниот апарат се со лош

квалитет, проверете случајно да не е извалкан објективот.

Евентуално очистете го објективот со влажна крпа или со течност

за чистење.

ГЛЕДАЊЕ НА МЕМОРИРАНИ СЛИКИ

Притиснете го копчето

. Тоа ја прикажува последната

топлинска слика. За време на гледањето на меморираните слики

со копчето

може да се прескокнува меѓу топлинска слика и

нормална слика.
Притиснете го копчето за да гледате други слики.
За да се вратите во модусот за снимање притиснете го копчето

.

БАТЕРИИ

Нови комплети батерии постигнуваат целосен капацитет по 4-5

циклуса на полнење и празнење. Подолг период неупотребувани

комплети батерии да се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето

на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на

високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.

ОДРЖУВАЊЕ

Оптиката на камерата морате секогаш да ја одржувате чиста.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку

некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат

заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на

Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на

алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на

машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај

локалниот застапник или директно кај: Milwaukee Electric Tool,

Max-Eyth-Straße 10, D-71364 Winnenden, Germany.

СИМБОЛИ

Ве молиме пред да ја стартувате машината

обрнете внимание на упатствата за употреба.

Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување

на каков и да е зафат врз машината.

Не ги фрлајте електричните апарати заедно со

другиот домашен отпад! Европска регулатива

2002/96/EC за одлагање на електична и

електронска опрема и се применува согласно

националните закони. Елекричните апарати кои

го достигнале крајот на својот животен век мора

да бидат одвоено собрани и вратени во

соодветна рециклажна установа.

Winnenden, 2012-05-09
Milwaukee Electric Tool

Max-Eyth-Straße 10

D-71364 Winnenden