Решавање на проблеми, Еко сензор и осветленост на екранот – Samsung UE85S9ST User Manual
Page 287

Македонски - 23
М
акедонски
Решавање на проблеми
Доколку имате прашања за телевизорот, најпрво погледнете ја оваа листа. Ако не можете
да примените ниту еден од овие совети за решавање проблеми, посетете ја интернет
страницата “www. samsung.com,” потоа кликнете на Поддршка или обратете се во
центарот за поддршка кој е наведен на задната корица од овој прирачник.
Проблеми
Решенија и објаснувања
Телевизорот не може да се
вклучи.
• Проверете дали AC кабелот за напојување е добро приклучен во ѕидниот
приклучок и телевизорот.
• Проверете дали ѕидниот приклучок функционира.
• Обидете се да го притиснете копчето
P
на телевизорот за да проверите дали
далечинскиот управувач работи правилно. Доколку телевизорот се вклучи,
погледнете го делот “Далечинскиот управувач не функционира” подолу.
Нема слика/видео сигнал.
• Проверете ги поврзувањата на каблите. Исклучете ги и повторно приклучете ги
сите кабли кои се поврзани на телевизорот и надворешните уреди.
• Поставете ги излезите на вашите надворешни уреди (кабелски/сателитски
приемник, DVD, Blu-ray итн.) да одговараат на поврзувањата на влезовите на
телевизорот. На пример, ако излезот на надворешниот уред е HDMI, тој треба
да биде поврзан на HDMI приклучокот на телевизорот.
• Проверете дали надворешните уреди се вклучени.
• Проверете дали сте го избрале соодветниот влезен извор.
• Рестартирајте го поврзаниот уред така што ќе го исклучите од напојување, а
потоа повторно ќе го вклучите кабелот за напојување на уредот.
Далечинскиот управувач не
функционира.
• Заменете ги батериите на далечинскиот управувач. Проверете дали поларитетот
(+/–) на батеријата е поставен во точната насока.
• Исчистете го прозорецот за пренос на сензорот од далечинскиот управувач.
• Обидете се да го насочите далечинскиот управувач директно кон телевизорот
на оддалеченост од 150-180 см.
Далечинскиот управувач
од кабелскиот/set top box
приемник не го вклучува и
исклучува телевизорот и не
ја прилагодува јачината на
звукот.
• Програмирајте го далечинскиот управувач од кабелскиот/сателитскиот
приемник да функционира со телевизорот. Погледнете го прирачникот за
користење на кабелскиот/Set-Top-Box приемник и пронајдете го кодот за
вашиот телевизор од SAMSUNG.
✎
Овој TFT LED екран се состои од подпиксели за чие создавање е потребна
софистицирана технологија. На екранот, сепак, може да се појават неколку светли
или темни пиксели. Овие пиксели нема да имаат никакво влијание на перформансите
на уредот.
✎
За да го доведете вашиот телевизор во оптимална состојба, надградете го со
најновиот фирмвер на интернет страницата на Samsung преку USB (Samsung.com >
Поддршка > Преземања).
✎
Некои слики и функции погоре се достапни само кај одредени модели.
Еко сензор и осветленост на екранот
Еко сензорот ја мери светлината во вашата соба и автоматски ја оптимизира
осветленоста на телевизорот за да ја намали потрошувачката на енергија. Тоа
предизвикува автоматско осветлување и затемнување на телевизорот. Ако
сакате да ја исклучите оваа функција, одете во Мени на екран > Систем > Еко
решение > Еко сензор
Не го блокирајте сензорот со никакви предмети. Тоа може да предизвика
намалување на осветленоста на сликата.
1. Еко сензор: Оваа функција која заштедува енергија автоматски ја
прилагодува осветленоста на екранот на телевизорот според интензитетот
на амбиенталната светлина која ја одредува сензорот за осветленост.
2. За активирање или деактивирање на функцијата Еко сензор, одете во Мени
на екран > Систем > Еко решение > Еко сензор и изберете Вкл или Иск.
3. Внимавајте: Ако сметате дека екранот е премногу темен додека гледате
телевизија во темна просторија, за тоа може да е одговорна функцијата Еко
сензор.
[UHDS9-XH]BN68-05272F-02L16.indb 23
2013-10-31 2:28:07