beautypg.com

Историја, Пребарување, Прилагодување на подлогата за допир – Samsung UE85S9ST User Manual

Page 272: Користење на виртуелниот далечински управувач

background image

Македонски - 8

Историја

Притиснете го копчето

RECOMM. / SEARCH

и изберете Историја од листата

прикажана во долниот дел од екранот. На тој начин ќе се прикаже интерактивна
листа на канали до кои неодамна сте пристапиле, мултимедиумски содржини и
апликации.

Копчето

RECOMM. / SEARCH

може да функционира како функција за

повикување на Историја, во зависност од вашата земја или регион.

Бришење на податоци од историјата

Овозможува бришење на информациите од историјата на канали, содржини и
апликации кои последни сте ги користеле.

Пребарување

Притиснете го копчето

RECOMM. / SEARCH

на Smart Touch Control. Списокот

ќе се појави во долниот дел од екранот. Притиснете го копчето

RECOMM. /

SEARCH

повторно. Тастатурата ќе се појави на екранот. Внесете критериуми

за пребарување за да пребарувате голем број апликации и нивните содржини
на телевизорот, како и на интернет. Ова копче овозможува менување помеѓу
опциите Препорачано и Пребар..

Прилагодување на подлогата за допир

Корисниците можат да ја прилагодат чувствителноста на подлогата за допир на
Smart Touch Control уредот. Поставете ја функцијата Чувствителност на допир
за да ја прилагодите чувствителноста и да овозможите попрактично користење.

Користење на виртуелниот далечински управувач

Притиснете го копчето

MORE

за да се прикаже панелот со виртуелен далечински

управувач на екранот. Панелот со виртуелен далечински управувач е составен од
панел со броеви, панел за контрола на репродукцијата и панел за брз пристап.
Користете ја подлогата за допир за избирање на броеви и букви.

Панелот со виртуелен далечински управувач кој е прикажан на екранот на
телевизорот може да биде различен во зависност од земјата.

Менување на панелот со виртуелен далечински управувач

Изберете го панелот за броеви, панелот за контрола на репродукцијата или
панелот за брз пристап кој ќе се прикажува на екранот.
Користете ја подлогата за допир за да продолжите да го поместувате
означувањето во лева или десна насока. Панелот ќе се менува при секое
поместување на означувањето преку најоддалечениот лев или десен раб.

Користете ја функцијата на подлогата за допир за придвижување во лево /
десно, за едноставно менување на панелот.

Користење на панелот со броеви

Користете го панелот со броеви за внесување броеви кога на екранот или
веб-страницата ќе се прикаже тастатура или, пак, за да го промените каналот
додека гледате телевизија. При менување канали со помош на панелот со броеви
се создава запис, кој ви овозможува едноставно да се вратите на претходните
канали.

Користење на панелот за контрола на репродукцијата

Користете го панелот за контрола на репродукцијата за паузирање, премотување
наназад, премотување нанапред, прескокнување на следниот фајл и многу
повеќе додека уживате во мултимедиумските содржини.

Користење на панелот за брз пристап

Брзо пристапете до копчињата

INFO

,

MENU

и e-Manual. Меѓутоа, достапноста

на копчињата е различна во зависност од режимот на работа на Smart Touch
Control уредот (само со телевизорот, како универзален далечински управувач
итн.).

[UHDS9-XH]BN68-05272F-02L16.indb 8

2013-10-31 2:28:00