Прегледување на e-manual, Придвижување на страница, Користење на горните икони – Samsung UE85S9ST User Manual
Page 281

Македонски - 17
М
акедонски
Прегледување на e-Manual
Вградениот e-Manual содржи податоци во врска со најважните функции на
телевизорот.
Овој телевизор има вграден водич за користење. За да го прочитате, применете еден
од следните методи:
• Отворете го менито Поддршка и изберете e-Manual (решавање проблеми).
• Притиснете го копчето
E-MANUAL
на стандардниот далечински управувач.
• Притиснете го копчето
MORE
на Smart Touch Control за да се прикажат
контролните копчиња на екранот. Прелистувајте на подлогата за допир с
è додека
не се појави функцијата e-Manual и изберете ја.
✎
Зборовите во сина боја се однесуваат на опции од менито на екранот, а
зборовите во светло сина боја се однесуваат на копчиња на далечинскиот
управувач.
✎
Печатената верзија од овој водич е достапна и на www.samsung.com/support.
Придвижување на страница
За да ја придвижите страницата, применете еден од следните методи:
• Притиснете го копчето
или
на лентата за придвижување во десниот агол
на екранот.
• Повлечете или прелистајте нагоре или надолу по линијата сместена на левата или
десната страна на подлогата за допир.
• Поставете го означувањето на копчето
или
во десниот агол на екранот, а
потоа влечете или прелистувајте нагоре или надолу врз подлогата за допир.
Користење на горните икони
Користете ги иконите Назад, Напред и Отворена страница сместени во горниот
лев агол на екранот, за навигација низ страници. Овие икони се достапни откако ќе
прегледате две или повеќе страници.
Враќање на почетната страница
За да се вратите на почетната страница, притиснете го копчето
a
или изберете
во горниот десен агол од екранот.
Пребарување на индексот
Притиснете го копчето
b
или изберете
во горниот десен агол од екранот за
прикажување на индексот. Изберете некој термин и ќе се прикаже страницата која го
содржи тој термин.
Пребарување на страници
Притиснете го копчето
{
или изберете
во горниот дел од екранот за да пристапите
до функцијата за пребарување. Внесете фраза која сакате да ја пребарувате и изберете
Готов. Изберете некој елемент од листата со резултати од пребарувањето за да отидете до
потребната страница.
Затворање на e-Manual
За да ја затворите функцијата e-Manual, притиснете и задржете го копчето
RETURN
или
изберете
во горниот десен агол на екранот или, пак, притиснете го копчето
EXIT
.
Прескокнување на елемент од менито
За директно прескокнување на елементи од менито кои се опишани во тековниот
дел, изберете
Проб. сега
. Можете директно да прескокнете од елементот од менито
во соодветниот дел во e-Manual. Ако сакате да прочитате информации од e-Manual
за одредена функција од менито на екранот, притиснете го копчето
E-MANUAL
на
виртуелниот далечински управувач или на стандардниот далечински управувач за да ја
вчитате соодветната страница од e-Manual.
✎
Оваа функција може да биде недостапна, во зависност од менито.
Ажурирање на e-Manual
Отворете ја функцијата Smart Hub и изберете Апликации, а потоа изберете Повеќе
аплик.. Функцијата e-Manual може да се ажурира на истиот начин како што се ажурираат и
апликациите.
На екранот на функцијата Повеќе аплик., изберете Ажурирај аплик, а потоа изберете
e-Manual од списокот. Функцијата e-Manual ќе започне да се ажурира со најновата верзија.
Имајте предвид дека функцијата Ажурирај аплик се појавува на екранот само кога е
потребно ажурирање.
Прегледување на e-Manual
[UHDS9-XH]BN68-05272F-02L16.indb 17
2013-10-31 2:28:04