Поврзување со телевизорот, Вметнување на батериите (aaa x 2) – Samsung UE85S9ST User Manual
Page 270

Македонски - 6
Поврзување со телевизорот
За да можете да ракувате со телевизорот со помош на Smart Touch Control, прво
мора да го впарите со телевизорот преку Bluetooth. Имајте предвид дека Smart
Touch Control е достапен само кога е впарен со телевизор од Samsung.
✎
Ви препорачуваме да користите Smart Touch Control на растојание до 6m.
Растојанието до кое може да се користи уредот може да се разликува во
зависност од условите во безжичното опкружување.
1. Кога телевизорот е исклучен, насочете го Smart Touch Control кон
приемникот за далечинскиот управувач на телевизорот и притиснете го
копчето на телевизорот за да започнете со првото впарување. Само ова
копче испраќа IR сигнал. Положбата на приемникот за далечинскиот
управувач е различна во зависност од моделот.
2. Во долниот лев агол од екранот ќе се појави икона за Bluetooth како што е
прикажано подолу. Тогаш телевизорот автоматски ќе се обиде да се поврзе
со Smart Touch Control.
<Икони за обид за поврзување и завршување>
Повторно поврзување на Smart Touch Control
<Копче за впарување на Smart Touch Control>
Ако Smart Touch Control престане да функционира или
започне да работи неправилно, заменете ја батеријата
бидејќи сето тоа може да биде предизвикано од
недоволна енергија во батеријата. Ако проблемот не
се отстрани, притиснете го копчето
PAIRING
на Smart
Touch Control за повторно да извршите впарување со
телевизорот. Копчето
PAIRING
не може да се користи
без да го отстраните капакот на батеријата на Smart
Touch Control. На растојание од 30cm до 4m, насочете
го Smart Touch Control кон приемникот на телевизорот
и притиснете го копчето
PAIRING
. По завршување на
впарувањето, во долниот лев агол на ТВ екранот ќе се
појави сликичка за успешно впарување.
Аларм за слаба батерија
Ако батеријата ослабне и индикаторот почне да трепка при
користење на Smart Touch Control, во долниот лев агол од
екранот ќе се појави прозорец со аларм кој ќе трепка. Ако се
појави прозорецот со аларм, заменете ги батериите на Smart
Touch Control. Користете алкални батерии за подолга употреба.
Вметнување на батериите (AAA X 2)
1
2
3
1. Внимателно подигнете го капакот за батерии со помош на пластична
картичка. Потоа, повлечете го јазичето на капакот со ноктите за целосно да
го отстраните капакот.
✎
Пронајдете ја локацијата на вдлабнатините на капачето за батеријата.
Локацијата на вдлабнатините може да биде различна во зависност од
видот на Smart Touch Control кој се испорачува со производот.
2. Вметнете 2 AAA батерии и погрижете се правилно да ги поставите
позитивните и негативните краеви.
3. Поставете го капакот на батеријата паралелно со задниот дел на
далечинскиот управувач и притискајте надолу по должината на рабовите с
è
додека не се прицврсти во лежиштето на далечинскиот управувач.
[UHDS9-XH]BN68-05272F-02L16.indb 6
2013-10-31 2:27:59