Користење на подлогата за допир, Менување на канали со внесување на броеви, Прикажување на статус и лента за известувања – Samsung UE85S9ST User Manual
Page 271: Препораки

Македонски - 7
М
акедонски
Користете ја подлогата за допир за извршување на разни команди. Одете до
Упатство (Мени на екран > Систем > Управ. на уреди > Поставки на Smart
Touch Control > Упатство) за да погледнете водич на екранот за користење на
Smart Touch Control.
Влечење
Притиснете
Повлечете врз подлогата за допир во саката насока.
Поместете го означувањето или покажувачот во
насоката во која влечете со прстот.
Притиснете врз подлогата за допир. На тој начин
ќе го изберете означениот елемент. Кога гледате
телевизија, со притиснување и задржување врз
подлогата за допир се прикажува списокот со
канали. Кај некои апликации, со притиснување и
задржување врз подлогата за допир подолго од 2
секунди се прикажува список со функции кои се
достапни за апликацијата.
Менување на канали со внесување на броеви
Додека гледате телевизија, допрете врз испакнатата
линија сместена на левата или десната страна на
подлогата за допир за да го отворите прозорецот за
внесување на броеви на екранот. Внесете го бројот на
каналот кој сакате да го гледате со помош на вашиот
прст. На екранот ќе се прикаже бројот што ќе биде
препознаен, а телевизорот ќе премине на соодветниот
канал. Погледнете го поглавјето Контролирање на
телевизорот > Подлога за допир, во e-Manual.
Водич за внесување на броеви
Погледнете ги сликите подолу при внесување на нумерички вредности.
Телевизорот може да не ги препознае вредностите кои ги внесувате ако не ги
следите движењата прикажани подолу.
Прикажување на статус и лента за известувања
Притиснете го копчето
MORE
на Smart Touch Control уредот, а потоа изберете
STATUS на панелот со виртуелен далечински управувач за прикажување на
лентата за известувања и статус во горниот дел од екранот.
Препораки
Притиснете го копчето
RECOMM. / SEARCH
и изберете Препорачано од
листата прикажана во долниот дел од екранот. Изберете програма која се
емитува во моментот за да прескокнете на соодветниот канал или програма која
е закажана за емитување за да поставите Закажување гледање или Закаж. на
снимање. Изберете некоја апликација за да ја активирате. Samsung Apps ќе се
активира доколку избраната апликација не е инсталирана на телевизорот.
Користење на подлогата за допир
[UHDS9-XH]BN68-05272F-02L16.indb 7
2013-10-31 2:28:00