Постави униве. далечинско, Поставување – Samsung UE85S9ST User Manual
Page 278

Македонски - 14
Постави униве. далечинско
Овој телевизор нуди функција на универзален далечински управувач која ви
овозможува да контролирате кабелски приемници, Blu-ray плеери, домашни
кина и други надворешни уреди од трети страни кои се поврзани на телевизорот
преку далечинскиот управувач на телевизорот.
5 cm
Приклучете го кабелот во IR приклучокот на телевизорот, а потоа насочете
го предавателот на другиот крај од кабелот кон приемникот на сигнали
од панелот на надворешниот уред. Меѓутоа, помеѓу IR продолжителниот
кабел и надворешниот уред не смее да има пречки. Пречките ќе пречат при
пренесувањето на сигналот за далечинско управување.
Додадете надворешен уред
1. Вклучете го надворешниот уред за кој сакате да ја поставите функцијата за
универзален далечински управувач, а потоа притиснете
SOURCE
за да го
отворите екранот на функцијата Извор.
2. Изберете Постави униве. далечинско од горниот дел на екранот. Со тоа
ќе ја започнете постапката за поставување на универзалниот далечински
управувач.
3. Следете ги инструкциите на екранот и поставете го универзалниот
далечински управувач. Ако далечинскиот управувач не функционира,
поставете го со рачно внесување на бројот на моделот.
ПОСТАВУВАЊЕ
Почетниот прозорец со дијалог за поставување ќе се појави при првото
активирање на телевизорот. Следете ги упатствата на екранот за да го
завршите почетниот процес за поставување, како и да изберете јазик на мени,
пребарување на канали, мрежна врска и слично. При секој чекор, ќе можете да
направите избор или да го прескокнете чекорот. Корисниците можат рачно да го
извршат овој процес подоцна во Мени на екран > Систем > Постав. .
✎
Ако поврзете некој уред во HDMI1 приклучокот пред да започне
инсталацијата, функцијата Извор на канал автоматски ќе се промени во
Сет-топ кутија.
✎
Доколку не сакате да изберете Сет-топ кутија, ве молиме изберете Антена.
Промена на лозинка
Мени на екран > Систем > Измени PIN
Променете ја лозинката на телевизорот.
1. Активирајте ја функцијата Измени PIN и внесете ја тековната лозинка во
полето за лозинка. Зададената лозинка е “0-0-0-0”.
2. Внесете нова лозинка, а потоа внесете ја уште еднаш за да ја потврдите.
Промената на лозинката е завршена.
✎
Доколку го заборавите PIN кодот, притиснете ги копчињата по следниот
редослед, со што ќе го ресетирате PIN кодот на “0-0-0- 0”:
За Стандарден далечински управувач: Во режим на подготвеност:
MUTE
→ 8 → 2 → 4 →
POWER
(Вкл)
За Smart Touch Control: При вклучување на телевизорот:
MUTE
→ Зголеми
гласност
→
RETURN
→ Намали гласност →
RETURN
→ Зголеми гласност →
RETURN
[UHDS9-XH]BN68-05272F-02L16.indb 14
2013-10-31 2:28:03