Samsung SM-T211 User Manual
Page 276
Македонски
275
Доколку Вашиот уред е опремен со блиц-светло или ламба,
не користете го светлото блиску до очите на луѓето или
миленичињата
Користењето на блицот во близина на очите може да предизвика
привремено губење на видот или оштетување на очите.
Ракувајте внимателно кога сте изложени на трепкачки светла
Додека го користите уредот, оставете некои од светлата во собата
•
вклучени и не држете го екранот премногу блиску до Вашите очи.
Може да дојде до напади или бессознание кога сте изложени на
•
трепкачки светла додека гледате видео или играте флеш игри подолг
период. Ако се чувствувате неудобно, престанете со користење на
уредот веднаш.
Намалете го ризикот од повреди поради повторувачки
движења
Кога повторувате одредени движења, на пр., притискање копчиња, цртање
знаци на екран чувствителен на допир со прстите или играње игри, може
да почувствувате повремена неудобност во Вашите раце, врат, рамења
или други делови од Вашето тело. Кога го користите Вашиот уред подолги
периоди, држете го уредот релаксирано, притискајте лесно на копчињата
и правете повремени паузи. Ако и натаму имате неудобност при или по
користењето, престанете со употребата на уредот и консултирајте се со
лекар.
Обезбедете максимален век на траење на батеријата и полначот
Избегнувајте полнење на батеријата подолго од една седмица бидејќи
•
прекумерното полнење може да го скрати работниот век на батеријата.
Со време, уредот што не се користи ќе ја испразни батеријата и мора да
•
се наполни пред употреба.
Исклучете го полначот од изворите на напојување кога не е во употреба.
•
Користете ја батеријата само за нејзината планирана намена.
•
Користете батерии, полначи, додатоци и прибор одобрени од
производителот
Користењето генеричка батерија или полнач може да го скрати
•
работниот век на Вашиот уред или да предизвика негово неправилно
функционирање.
Samsung не може да биде одговорен за безбедноста на корисникот кога
•
употребува додатоци или делови коишто не се одобрени од Samsung.