Samsung SM-T211 User Manual
Page 274

Македонски
273
Користете го Вашиот уред за да повикате помош. Во случај на пожар,
•
сообраќајни несреќи или медицински итни случаи, повикајте го
локалниот број за итни случаи.
Користете го Вашиот уред за да им помогнете на другите во итни
•
случаи. Доколку сте сведок на автомобилска несреќа, криминал во тек,
или сериозен итен случај во кој животот е во опасност, повикајте го
локалниот број за итни случаи.
Повикајте број за помош на патот или друг број за помош, не за итни
•
случаи, кога тоа е потребно. Доколку видите возило застанато на патот
кое не претставува сериозна опасност, скршен сообраќаен знак, ситна
сообраќајна несреќа каде никое лице не е загрозено, или возило за кое
знаете дека е украдено, повикајте го бројот назначен за пријавување
ваков тип на ситуации.
Соодветна грижа за мобилниот уред и негова
употреба
Уредот мора секогаш да биде сув
Влажноста и течностите може да ги оштетат деловите или електричните
•
кола на Вашиот уред.
Не го вклучувајте Вашиот уред додека е мокар. Ако уредот веќе е
•
вклучен, исклучете го и извадете ја батеријата веднаш (ако уредот не
може да се исклучи или не можете да ја извадите батеријата, оставете го
како што е). Потоа, исушете го уредот со крпа и однесете го во сервисен
центар.
Течностите ќе ја променат бојата на ознаката што означува оштетување
•
предизвикано од вода. Оштетувањата предизвикани од вода ја
поништуваат гаранцијата на производителот.
Не чувајте го и не складирајте го Вашиот уред во области со
високи концентрации на прашина или други материи присутни
во воздухот
Прашината или надворешните материјали може да предизвикаат
неправилно функционирање на Вашиот уред и тоа може да резултира со
пожар или електричен шок.
Чувајте го Вашиот уред само на рамни површини.
Ако Вашиот уред падне, може да се оштети.