beautypg.com

Ivoclar Vivadent IPS Empress Direct Color User Manual

Page 33

background image

Нијанси
IPS Empress Direct Color е достапен во следните нијанси:

Нијанси

Можни примени

White (Бела)

• Ги прикрива дамките на глеѓта
• Симулира хало ефект
• Ги истакнува рабовите и венците

Honey (Медово)
Ochre (Жолта)

• Ја потенцира сржта на дентинот
• Ги истакнува пукнатините
• Ги прикрива засебните одлики на глеѓта

Blue (Сина)
Vilet (Виолетова)
Grey (Сива)

• Симулира проѕирни делови на глеѓта
• Ги прикрива опалните делови

Brown (Кафена)

• Ги прикрива обезбоените пукнатини,

дупки и напукнатини на глеѓта

Состав
Мономерната матрица (76–89.5 wt%) се состои од bis-GMA, уретан
диметакрилат и триетилен гликол диметакрилат. Материјалот за полнењето
се состои од исклучително растресен силанизиран силикон диоксид
(9–15.5 wt%). Дополнителните компоненти опфаќаат стабилизатори,
поттикнувачи и пигменти(< 9 wt%).

Индикации
– Засебна карактеризација на директни и реставрации со паста изработени

во лабораторија

– Маскирање на обезбоена структура на забот
– Карактеризација на коронки изработени со CAD/CAM на стол

Контраиндикации
Материјалот не смее да се користи
– ако е познато дека пациентот е алергичен на некоја од состојките

на IPS Empress Direct Color.

– ако не може да се обезбеди соодветно суво работно поле или не може да

се примени пропишаната работна техника.

– директно врз дентинот без заштита на дентинот/агенс за врзување

со дентинот.

Несакани дејства
Во ретки случаи, состојките на IPS Empress Direct Color може да предизвикаат
пречувствителност. Материјалот тогаш не смее да се користи.

Интеракции
Фенолните супстанци, на пр. еугенол/масло од каранфилче ја инхибираат
полимеризацијата на материјалите што се засноваат на метакрилати. Затоа,
материјалите што ги содржат овие супстанци не смее да се користат заедно
со IPS Empress Direct Color. Може да се дојде до промена во бојата во
комбинација со катјонски води за уста, средства за отстранување плак
и хлорхексидин.

Примена
IPS Empress Direct Color се користи заедно со композитни материјали за
исполнување во форма на паста. Понатаму, се користи за да ги карактеризира
коронките изработени со CAD/CAM на стол (IPS Empress CAD) со специјална
техника. Подготовката се спроведува согласно упатствата за употреба на
соодветниот композит за реставрација/цементирање. IPS Empress Direct
Color се зема директно од шприцот и се нанесува со четкичка или сонда.
Шприцовите имаат тенки, закривени метални канили со коишто IPS Empress
Direct Color се нанесува директно врз реставративниот материјал. Се
препорачува да ја бришете канилата со целулозна крпа од време на време за
да го извадите прекумерниот материјал и за да може да нанесувате многу
мали количини од материјалот. Интензитетот на нијансата може да се
намали и конзистентноста да се истенчи ако го измешате со Heliobond.
Се препорачува изолација со гумичка - пречка (на пр. OptraDam® Plus).

Чекори за подготовка
1. Извадете го капачето на шприцот со тоа што ќе го вртите сè додека

не пукне и потоа извлечете го.

2. Ставете го врвот на апликаторот (слика 1) и вртете го сè додека

не се намести на шприцот (слика 2).

A) Карактеризација на полнењата
1. Композитната паста (на пр. IPS Empress Direct, Tetric EvoCeram) се нанесува

согласно упатствата на производителот.

2. Ако IPS Empress Direct Color се користи на големи површини, може да

се нанесува при градбата на реставрацијата и потоа да се прекрие со
реставративен материјал. Се прави засек на соодветното место на
последниот слој на композитот (слој на „глеѓ“) за да се симулираат
напукнатини на глеѓта и обезбоени пукнатини. Засекот се исполнува со
IPS Empress Direct Color со врвот на шприцот или со кој било друг соодветен
инструмент. Композитниот материјал се користи за да го прекрие засекот
започнувајќи од страните. Како резултат, материјалот за карактеризација
се поставува во последниот композитен слој и затоа е заштитен од абење.

Или, IPS Empress Direct Color се нанесува откако ќе се постави полнењето.
„Шаблонот за карактеризација“ е основа во материјалот за полнење. Понатаму,
шаблонот се нагризува 15 секунди со 37% гел од фосфорна киселина (на пр.
Total Etch). Гелот потоа се плакне со вода, а шаблонот се суши со воздух без
масло и влага. Исчистените површини треба да се премачкаат со Heliobond
за да се воспостави цврста врска со полимеризираниот реставративен
материјал. Следно, IPS Empress Direct Color се нанесува со четка или кој било
друг соодветен инструмент и се полимеризира согласно времето за
изложување и интензитетот на светлото дефинирани во Табела 1.
Максималната дебелина на слојот е 0,5 мм за сите нијанси освен за кафената.
Максималната дебелина за кафената нијанса е 0,1 мм. На крај, материјалот за
карактеризација се покрива со композитна паста (на пр. IPS Empress Direct,
Tetric EvoCeram) и се полимеризира согласно насоките на производителот.

Б) Карактеризација на композитни реставрации изработени
во лабораторија
При изградба на инлеи и онлеи, IPS Empress Direct Color се користи согласно
постапката објаснета за директни реставрации (Поглавје A).

В) Карактеризација на реставрации изработени со CAD/CAM на стол
1. Пробајте и потоа прилагодете ги коронките.
2. Површините на керамичките коронки се чистат и подготвуваат согласно

насоките на производителот.