Samsung SM-P905 User Manual
Page 428

Македонски
427
• Ако ги оставите батериите без да се користат подолго време, може
да дојде до намалување на нивниот работен век и перформанси.
Исто така, тоа може да предизвика батериите да функционираат
неправилно или да експлодираат, или пак да предизвикаат пожар.
• Следете ги сите инструкции во ова упатство за да осигурате
најдолг работен век на Вашиот уред и батеријата. Штетите или
слабите перформанси предизвикани од неправилно следење на
предупредувањата и инструкциите, може да ја направи неважечка
Вашата гаранција на производителот.
• Вашиот уред може да се истроши со текот на времето. Некои делови
и поправки се покриени со гаранцијата во период на важноста, но
штетите или намалувањето на квалитетот предизвикани од користење
неодобрена дополнителна опрема не се.
Додека го користите уредот, имајте ги предвид следниве работи
• Држете го уредот исправено, исто како и обичниот телефон.
• Зборувајте директно во микрофонот.
Не расклопувајте, менувајте и не поправајте го Вашиот уред
• Какви било промени или изменувања може ја поништат гаранцијата
на производителот. Ако Вашиот уред треба да се сервисира, однесете
го во Сервисниот центар на Samsung.
• Не расклопувајте и не дупчете ја батеријата затоа што тоа може да
предизвика експлозија или пожар.
• Исклучете го уредот пред да ја извадите батеријата. Ако ја извадите
батеријата додека уредот е вклучен, може да дојде до неправилно
функционирање на уредот.
Додека го чистите уредот, имајте ги предвид следниве работи
• Избришете го уредот или полначот со крпа или со гума.
• Исчистете ги контактите на батеријата со памукче или крпа.
• Не користете хемикалии или детергенти. Во спротивно може да дојде
до разлевање на боите или корозија на надворешноста на уредот, или
може да резултира со електричен шок или пожар.
- SM-T325 GT-S7580 SM-G310HN SM-T535 GT-S7582 SM-T530 SM-T315 EK-GN120 SM-P900 GT-S5611 SM-T110 SM-G386F SM-T320 SM-T520 SM-P600 SM-T111 GT-E1200R SM-G800H SM-T531 GT-S7390 SM-N900 SM-T525 SM-P601 SM-G7102 SM-T520X GT-S6012 SM-T320X GT-S7392 SM-G350E SM-G800F GT-S5280 GT-I8580 GT-S6010 SM-T900 SM-T110X SM-C105