Samsung SM-P905 User Manual
Page 422

Македонски
421
Не изложувајте го уредот на густ чад или пареа
Во спротивно може да дојде до оштетување на надворешноста од уредот
или до негово неправилно функционирање.
Ако користите помагало за слух, контактирајте го производителот
за инфорамции околу радио-пречки
Радио-фреквенцијата емитувана од Вашиот уред може да создава пречки
на одредени помагала за слух. Пред користење на уредот, контактирајте
го производителот за да утврдите дали Вашето помагало за слух ќе биде
попречено од радио-фреквенциите емитувани од уредот.
Не користете го Вашиот уред во близина на апарати што емитуваат
радио-фреквенции, како што се звучни системи или радио-кули
Pадио-фреквенциите може да предизвикаат Вашиот уред да
функционира неправилно.
Исклучете го уредот во потенцијално експлозивни опкружувања
• Наместо да ја отстраните батеријата, исклучете го уредот во
потенцијално експлозивни опкружувања.
• Во потенцијално експлозивните опкружувања секогаш придржувајте
се кон прописите, упатствата и знаците.
• Не користете го уредот на места каде што се полни гориво (бензиски
станици), во близина на горива или хемикалии, или во области каде
што се врши рушење со експлозиви.
• Не чувајте и не пренесувајте запаливи течности, гасови или
експлозивни материјали во истиот простор каде што се наоѓа уредот,
неговите делови или дополнителниот прибор.
Ако забележите чуден мирис или звуци што доаѓаат од Вашиот уред
или батерија, или ако забележите чад или протекување на течности
од уредот или батеријата, запрете со користење на уредот веднаш и
однесете го во сервисен центар на Samsung
Во спротивно може да дојде до пожар или експлозија.
- SM-T325 GT-S7580 SM-G310HN SM-T535 GT-S7582 SM-T530 SM-T315 EK-GN120 SM-P900 GT-S5611 SM-T110 SM-G386F SM-T320 SM-T520 SM-P600 SM-T111 GT-E1200R SM-G800H SM-T531 GT-S7390 SM-N900 SM-T525 SM-P601 SM-G7102 SM-T520X GT-S6012 SM-T320X GT-S7392 SM-G350E SM-G800F GT-S5280 GT-I8580 GT-S6010 SM-T900 SM-T110X SM-C105