Samsung SM-P905 User Manual
Page 426

Македонски
425
Намалете го ризикот од повреди поради повторувачки движења
Кога повторувате одредени движења, на пример, притискање копчиња,
цртање знаци на екран чувствителен на допир со прстите или играње
игри, може да почувствувате повремена непријатност во Вашите раце,
врат, рамена или други делови од Вашето тело. Кога го користите Вашиот
уред подолги периоди, држете го уредот релаксирано, притискајте
лесно на копчињата и правете повремени паузи. Ако и натаму имате
непријатности при или по користењето, престанете со употребата на
уредот и консултирајте се со лекар.
Заштитете ги Вашиот слух и уши кога користите слушалки
• Слушањето со висока јачина на тонот може да му
наштети на Вашиот слух.
• Слушањето со висока јачина на тонот може да го
оттргне Вашето внимание и да предизвика несреќа.
• Секогаш намалувајте ја јачината на тонот пред да ги вклучите
слушалките во изворот на звук и користете го само нагодувањето
за јачина на минимум, потребно да го слушате Вашиот разговор или
музика.
• Во суви средини, статичкиот електрицитет може да се појави во
слушалките. Избегнувајте користење слушалки во суви средини
или допрете метален предмет за да го испразните статичкиот
електрицитет пред да ги приклучите слушалките во уредот.
• Не користете слушалки додека возите. Во спротивно може да дојде
до одвлекување на Вашето внимание и да резултира со несреќа, или
може да биде незаконски во зависност од Вашиот регион.
Бидете внимателни кога го користите уредот при пешачење или
кога сте во движење
• Секогаш бидете свесни за Вашето опкружување за да избегнете
повреди на Вас и на другите.
• Внимавајте кабелот на слушалките да не се заплетка во Вашите раце
или блиски предмети.
- SM-T325 GT-S7580 SM-G310HN SM-T535 GT-S7582 SM-T530 SM-T315 EK-GN120 SM-P900 GT-S5611 SM-T110 SM-G386F SM-T320 SM-T520 SM-P600 SM-T111 GT-E1200R SM-G800H SM-T531 GT-S7390 SM-N900 SM-T525 SM-P601 SM-G7102 SM-T520X GT-S6012 SM-T320X GT-S7392 SM-G350E SM-G800F GT-S5280 GT-I8580 GT-S6010 SM-T900 SM-T110X SM-C105