Грижете се и користете го правилно вашиот уред – Samsung SM-P905 User Manual
Page 424
Македонски
423
Грижете се и користете го правилно Вашиот уред
Уредот мора секогаш да биде сув
• Влажноста и течностите може да ги оштетат деловите или
електричните кола на Вашиот уред.
• Не го вклучувајте Вашиот уред додека е мокар. Ако уредот веќе е
вклучен, исклучете го и извадете ја батеријата веднаш (ако уредот не
може да се исклучи или не можете да ја извадите батеријата, оставете
го како што е). Потоа, исушете го уредот со крпа и однесете го во
сервисен центар.
• Течностите ќе ја променат бојата на ознаката што означува
оштетување предизвикано од вода. Оштетувањата предизвикани од
вода ја поништуваат гаранцијата на производителот.
Чувајте го Вашиот уред само на рамни површини
Ако Вашиот уред падне, може да се оштети.
Не чувајте го Вашиот уред во многу топли или многу ладни
простории. Се препорачува да го користите Вашиот уред на
температури од 5 °C до 35 °C
• Не чувајте го Вашиот уред во многу топли простории како на
пример во автомобил летно време. Во спротивно може да дојде до
неправилно функционирање на екранот, оштетување на уредот или
експлодирање на батеријата.
• Не изложувајте го уредот на директна сончева светлина за подолг
временски период (на пример, на контролната табла во автомобилот).
• Чувајте ја батеријата на температури од 0 °C до 45 °C.
Не чувајте го Вашиот уред заедно со метални предмети, како
монети, клучеви и накит
• Вашиот уред може да се изгребе или да не функционира правилно.
• Доколку контактите на батеријата дојдат во допир со метални
предмети, може да настане пожар.
- SM-T325 GT-S7580 SM-G310HN SM-T535 GT-S7582 SM-T530 SM-T315 EK-GN120 SM-P900 GT-S5611 SM-T110 SM-G386F SM-T320 SM-T520 SM-P600 SM-T111 GT-E1200R SM-G800H SM-T531 GT-S7390 SM-N900 SM-T525 SM-P601 SM-G7102 SM-T520X GT-S6012 SM-T320X GT-S7392 SM-G350E SM-G800F GT-S5280 GT-I8580 GT-S6010 SM-T900 SM-T110X SM-C105