Samsung SM-P905 User Manual
Page 423

Македонски
422
Придржувајте се кон сите безбедносни предупредувања и прописи
коишто се однесуваат на употребата на Вашиот уред додека возите
Додека возите, Вашата прва одговорност е безбедното управување со
возилото. Никогаш не користете го Вашиот уред додека возите, ако тоа
е забрането со закон. За Вашата безбедност и безбедноста на другите,
користете го Вашиот здрав разум и запомнете ги следниве совети:
• Запознајте се со Вашиот уред и со неговите погодни функции, како
што се брзо бирање и повторно бирање. Овие функции Ви помагаат
да го намалите времето потребно за остварување или за примање
повици на Вашиот мобилен уред.
• Поставете го Вашиот уред да биде лесно достапен. Осигурете се дека
имате пристап до Вашиот безжичен уред без да го оттргнете погледот
од патот. Ако примате дојдовен повик во незгодно време, оставете да
одговори говорната пошта наместо Вас.
• Откажете ги повиците во густ сообраќај или во опасни временски
услови. Дожд, лапавица, снег, мраз и густ сообраќај може да бидат
опасни.
• Не пишувајте белешки и не барајте телефонски броеви. Пишување
на листата со задачи или листањето по Вашиот адресар го одзема
Вашето внимание од Вашата примарна одговорност за безбедност
при возењето.
• Бирајте внимателно и пристапете во сообраќајот. Повикувајте кога не
сте во движење или пред да се вклучите во сообраќајот. Обидете се да
ги планирате Вашите повици кога не сте во движење.
• Не вклучувајте се во стресни или чувствителни разговори кои можат
да го оттргнат Вашето внимание. Дајте му до знаење на лицето со кое
разговарате дека возите во моментот и прекинете ги сите разговори
кои можат да Ви го одземат вниманието од патот.
- SM-T325 GT-S7580 SM-G310HN SM-T535 GT-S7582 SM-T530 SM-T315 EK-GN120 SM-P900 GT-S5611 SM-T110 SM-G386F SM-T320 SM-T520 SM-P600 SM-T111 GT-E1200R SM-G800H SM-T531 GT-S7390 SM-N900 SM-T525 SM-P601 SM-G7102 SM-T520X GT-S6012 SM-T320X GT-S7392 SM-G350E SM-G800F GT-S5280 GT-I8580 GT-S6010 SM-T900 SM-T110X SM-C105