Samsung SM-P905 User Manual
Page 425

Македонски
424
Не чувајте го Вашиот уред во близина на магнетни полиња
• Вашиот уред може да се оштети или батеријата може да се испразни
од изложувањето на магнетни полиња.
• Магнетните картички, вклучувајќи ги кредитните картички,
телефонските картички, штедните книшки и картичките за интернат
можат да бидат оштетени од магнетните полиња.
Не употребувајте го Вашиот уред и апликации одредено време ако
уредот е премногу загреан
Продолжена изложеност на Вашата кожа на презагреан уред може
да предизвика симптоми на мала изгореност, како црвени точки или
депигментација на кожата.
Не користете го Вашиот уред со изваден капак за батеријата
Батеријата може да испадне од уредот што може да резултира со
оштетување или неправилно функционирање.
Доколку Вашиот уред е опремен со блиц-светло или ламба, не
користете го светлото блиску до очите на луѓето или миленичињата
Користењето на блицот во близина на очите може да предизвика
привремено губење на видот или оштетување на очите.
Ракувајте внимателно кога сте изложени на трепкачки светла
• Додека го користите уредот, оставете некои од светлата во собата
вклучени и не држете го екранот премногу блиску до Вашите очи.
• Може да дојде до напади или бессознание кога сте изложени на
трепкачки светла додека гледате видео или играте флеш-игри подолг
период. Ако се чувствувате непријатно, престанете со користење на
уредот веднаш.
• Ако некој Ваш близок почувствувал напади или несвестици додека
користел сличен уред, консултирајте лекар пред користење на уредот.
• Ако чувствувате непријатности, како на пример грчеви во мускулите
или дезориентираност, веднаш запрете со користење на уредот и
консултирајте лекар.
• За да спречите напрегнување на очите, правете чести паузи додека
го користите уредот.
- SM-T325 GT-S7580 SM-G310HN SM-T535 GT-S7582 SM-T530 SM-T315 EK-GN120 SM-P900 GT-S5611 SM-T110 SM-G386F SM-T320 SM-T520 SM-P600 SM-T111 GT-E1200R SM-G800H SM-T531 GT-S7390 SM-N900 SM-T525 SM-P601 SM-G7102 SM-T520X GT-S6012 SM-T320X GT-S7392 SM-G350E SM-G800F GT-S5280 GT-I8580 GT-S6010 SM-T900 SM-T110X SM-C105