Предупредување, Внимание – LG 47LM615S User Manual
Page 384
18
М
М
МА
КЕ
ДО
НС
КИ
СОСТАВУВАЊЕ И ПОДГОТОВКА
Прицврстување на телевизорот на маса
Прицврстете го телевизорот за масата за да
спречите навалување нанапред, оштетување и
можни повреди.
(Само 32/37LM611*, 32/42/47LM580*,
32/42LM34**, 32/37/42/47LS56**)
За да го прицврстите телевизорот на маса,
вметнете ја и затегнете ја испорачаната завртка
на задната страна од држачот.
(Само 32LM585*)
1 Поврзете ги каблите за поставување на
маса со основата на држачот со помош на
завртките на носачот.
2 Прицврстете ги каблите за поставување
на маса на самата маса со користење на
завртките за поставување на маса.
3 Откако телевизорот ќе биде прицврстен,
преместете ја масата поблиску до ѕидот.
Можно е децата да влезат во просторот и да
дојде до повредување.
M4 x 8
2EA
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
y
За да се спречи паѓање на телевизорот,
тој треба да биде безбедно прицврстен
за подот/ѕидот како што е наведено во
напатствијата за инсталација. Туркањето,
тресењето или нишањето на телевизорот
може да предизвика повреда.
Прилагодување на аголот на телевизорот за
подобро гледање
(Само 32/37LM611*, 32/42/47LM580*,
32/42LM340*, 32/37/42/47LS56**, 47CM96**)
Завртувајте налево или надесно до 20 степени
и прилагодете го аголот на телевизорот според
вашите потреби.
20˚
20˚
(Само 42/47/55LM615*, 32/42/47LM585*)
Завртувајте налево или надесно до 10 степени
и прилагодете го аголот на телевизорот според
вашите потреби.
10˚
10˚
ВНИМАНИЕ
y
При прилагодувањето на аголот на
телевизорот, внимавајте на прстите.
- Може да дојде до лична повреда
доколку ги приклештите дланките или
прстите. Ако производот е премногу
закосен, тој може да падне и да
предизвика оштетување или повреда.
(Само 42/47/55LM615*, 32/42/47LM585*)
<Задна страна>
<Предна страна>