Поставување, Префрлување помеѓу видео извори – Samsung PS60F5500AW User Manual
Page 274
Македонски
- 10
ПОСТАВУВАЊЕ
Почетниот прозорец со дијалог за поставување ќе се појави при првото активирање на телевизорот. Следете ги
упатствата на екранот за да го завршите почетниот процес за поставување, како и да изберете јазик на мени,
пребарување на канали, мрежна врска и слично. При секој чекор, ќе можете да направите избор или да го
прескокнете чекорот. Корисниците можат рачно да го извршат овој процес подоцна во менито Мени на екран >
Систем > Постав.
✎
Ако поврзете некој уред во HDMI1 приклучокот пред да започне инсталацијата, функцијата Извор на
канал willавтоматски ќе се промени во Set-top box.
✎
Доколку не сакате да изберете Сет-топ кутија, ве молиме изберете Антена.
Префрлување помеѓу видео извори
Притиснете го копчето
SOURCE
за префрлување помеѓу уредите кои се поврзани на телевизорот.
На пример, за да преминете на конзолата за игри која е поврзана на вториот HDMI приклучок, притиснете го
копчето
SOURCE
. Од листата на функцијата Извор изберете HDMI2. Имињата на приклучоците може да бидат
различни во зависност од производот. Изберете го копчето Алатки
во горниот десен агол од екранот за да
пристапите до следните функции.
• Информации
Погледнете детални информации за поврзаните уреди.
• Уреди име
Овозможува промена на името на уредите поврзани на телевизорот, за полесно препознавање на
надворешните извори.
На пример, ако на HDMI (DVI) приклучокот на телевизорот сте приклучиле компјутер со HDMI кабел, ќе
можете да извршите промена на Уреди име во PC.
5На пример, ако на HDMI (DVI) приклучокот на телевизорот сте приклучиле AV уред со HDMI-кон-DVI кабел,
ќе можете да извршите промена на Уреди име во DVI уреди.
• Освежи
Изберете ја оваа опција доколку поврзаниот уред не се појавува во листата. Ако на листата не се прикажува
уредот откако ќе изберете Освежи, проверете го статусот на врската помеѓу телевизорот и уредот.
• Отстрани USB
Отстранете го USB уредот од листата на безбеден начин. Оваа функција е достапна само кога USB уредот е
избран.
• Постави униве. далечинско
За да додадете нов надворешен уред кој ќе го контролирате преку Touch Remote Control, притиснете го
копчето
SOURCE
и изберете Постави униве. далечинско во горниот десен агол од екранот. Користејќи
го универзалниот далечински управувач, корисниците можат да ги контролираат надворешните уреди
поврзани со телевизорот, како на пример settop box уред, Blu-ray плеер и AV ресивер.
[PF5500-XH]BN68-04885F-LPRL16.indb 10
2013-03-26 �� 3:31:39