beautypg.com

Користење на функцијата smart touch control, Поврзување со телевизорот – Samsung PS60F5500AW User Manual

Page 270

background image

Македонски

- 6

Основни функции

Користење на функцијата Smart Touch Control

Во зависност од моделот.

Поврзување со телевизорот

За да можете да ракувате со телевизорот со помош на Smart Touch Control уред, прво мора да го впарите со телевизорот преку Bluetooth.
Имајте предвид дека Smart Touch Control е достапен само кога е впарен со телевизор од Samsung.

1. Кога телевизорот е исклучен, насочете го Smart Touch Control кон приемникот за далечинскиот управувач на телевизорот и притиснете го

копчето на телевизорот за да започнете со првото впарување.Само ова копче испраќа IR сигнал.Положбата на приемникот за далечинскиот
управувач е различна во зависност од моделот.

2. Во долниот лев агол од екранот ќе се појави икона за Bluetooth како што е прикажано подолу. Тогаш телевизорот автоматски ќе се обиде да се

поврзе со Smart Touch Control уредот.

<Икони за обид за поврзување и завршување>

Подлога за допир

• Влечете го прстот врз подлогата

за допир за да го поместите
означувањето низ екранот.

• Притиснете на подлогата за допир

за извршување, активирање или
избирање на означениот елемент.

• Притиснете и задржете на подлогата

за допир за прикажување на Список
со канали.

VOICE

˜

Изговорете ја гласовната команда и
внесете текст со помош на вашиот глас.

Копчето MIC се користи за давање на команди за Распознавање на глас. Едноставно притиснете го копчето

VOICE

˜

.

Функцијата Распознавање на глас може да зависи од нејасно изговарање, нивото на глас или опкружувачкиот шум.

Прикажува виртуелен далечински
управувач на екранот. Погледнете
го поглавјето Контролирање на
телевизорот > Користење на
виртуелниот далечински управувач,во
e-Manual.
Притиснете и задржете на подлогата за
допир за да ја изберете саканата функција
(на пр.

MENU

(

m

),

TOOLS

(

T

),

INFO

(

`

),

итн.) на едноставен начин.

Менување на канали.

Погледнете го распоредот на програмата
за секој дигитален канал, вклучувајќи
ги и времињата на емитување. Покрај
тоа, можете да ја поставите функцијата
за Закажување гледање или Закаж.
на снимање со помош на подлогата за
допир и да гледате програми кои треба да
се емитуваат подоцна.

Вклучете го и исклучете го сателитскиот
или кабелскиот set-top box уред кој е
поврзан на телевизорот. За да може
да функционира, Smart Touch Control
уредот мора да биде конфигуриран како
универзален далечински управувач.

Вклучување и исклучување на телевизорот.

Овозможува прикажување и избирање на

достапни видео извори.

Прилагодување на јачината на звукот.

MUTE

Вклучување / исклучување

на звукот на телевизорот.

Притиснете и задржете го

ова копче за да изберете

Опис на звук и Превод.

(во зависност од земјата и

регионот.)

Враќање на претходно мени. Притиснете и

задржете го ова копче за да ги исклучите

сите апликации кои се активни во

моментот.

Ги прикажува апликациите од услугата

Smart Hub. Погледнете го поглавјето

Функции на интелигентниот

телевизор > Smart Hub, во e-Manual.

За едноставно излегување од

апликација која е активна, притиснете

го копчето

.

Копчињата во боја функционираат

различно, во зависност од функцијата која

ја врши телевизорот во моментот.

Притиснете и задржете го копчето

{

додека

гледате телевизија за да ги погледнете
информациите за тековната програма.

Копчињата во боја функционираат

различно, во зависност од функцијата која

ја врши телевизорот во моментот.

[PF5500-XH]BN68-04885F-LPRL16.indb 6

2013-03-26 �� 3:31:37