Samsung EK-GC100 User Manual
Page 326
Македонски
325
Не користете го уредот во болница, во авион, или во
автомобилска опрема затоа што може да предизвика пречки во
нивната радио фреквенција
• Ако е можно, избегнувајте користење на Вашиот уред во близина од
15 см до пејсмејкер, затоа што уредот може да предизвика пречки во
работата на пејсмејкерот.
• За да ги доведете до минимум пречките со пејсмејкер, користете
го Вашиот уред само на спротивната страна на Вашето тело од
пејсмејкерот.
• Доколку користите медицинска опрема, контактирајте го
производителот на опремата пред да го користите уредот за
одредување дали опремата ќе биде под влијание на радио-
фреквенцијата емитувана од уредот.
• Во авион, користењето електронски уреди може да создаде пречки
во електронските навигациски инструменти на авионот. Осигурете
се уредот да е исклучен за време на полетување и слетување. По
полетување, можете да го користите уредот во режим за летало ако тоа
е дозволено од страна на екипажот.
• Електронските уреди во Вашиот автомобил може да работат
неправилно заради радио-пречки од Вашиот уред. Контактирајте го
производителот за повеќе информации.
Не изложувајте го уредот на густ чад или пареа
Во спротивно може да дојде до оштетување на надворешноста од уредот
или до негово неправилно функционирање.
Ако користите помагало за слух, контактирајте го
производителот за инфорамции околу радио-пречки
Радио-фреквенцијата емитувана од Вашиот уред може да создава пречки
на одредени помагала за слух. Пред користење на уредот, контактирајте
го производителот за да утврдите дали Вашето помагало за слух ќе биде
попречено од радио-фреквенциите емитувани од уредот.
Не користете го Вашиот уред во близина на апарати што
емитуваат радио фреквенции, како што се звучни системи или
радио кули
Радио фреквенциите може да предизвикаат Вашиот уред да функционира
неправилно.