Внимание – Samsung EK-GC100 User Manual
Page 325
Македонски
324
Не чувајте го уредот во близина или во грејачи, микробранови
печки, опрема за готвење или контејнери со висок притисок
• Батеријата може да истече.
• Уредот може да се прегрее и да предизвика пожар.
Не чувајте го и не складирајте го Вашиот уред во области со
високи концентрации на прашина или други материи присутни
во воздухот
Прашината или надворешните материи може да предизвикаат неправилно
функционирање на Вашиот уред и тоа може да резултира со пожар или
електричен шок.
Не гризете ги и не шмукајте ги уредот или батеријата
• Во спротивно може да дојде до оштетување на уредот, или до
експлозија или пожар.
• Децата или животните може да се задушат со ситните делови.
• Ако уредот го користат деца, уверете се дека правилно го користат.
Не го ставајте уредот или испорачаниот дополнителен прибор
во очите, ушите или устата
Бидејќи на тој начин може да дојде до гушење или сериозни повреди.
Не употребувајте оштетена или Литиум јонска (Li-Ion) батерија
што истекува
За безбедно фрлање во отпад на Вашата литиум-јонска батерија,
контактирајте го Вашиот најблизок овластен сервисен центар.
Внимание
Доколку не се придржувате до безбедносните
предупредувања и прописи, може да настанат
повреди или оштетување на имотот
Не користете го уредот во близина на други електронски уреди
• Повеќето електронски уреди користат радио фреквентни сигнали.
Вашиот уред може да предизвика пречки во работата на другите
електронски уреди.
• Користењето податочна врска LTE може да предизвика пречки со
другите уреди, како што се аудио опрема и телефони.