Samsung EK-GC100 User Manual
Page 324
Македонски
323
Не го користете вашиот уред надвор за време на грмотевици
Во спротивно може да дојде до електричен шок или неправилно
функционирање на уредот.
Користете батерии, полначи, додатоци и прибор одобрени од
производителот
• Користењето генеричка батерија или полнач може да го скрати
работниот век на вашиот уред или да предизвика негово неправилно
функционирање. Тоа исто така може да предизвика пожар или да
предизвика експлодирање на батеријата.
• Користете само батерија и полнач одобрени од Samsung конкретно
дизајнирани за Вашиот уред. Некомпатибилни батерија и полнач може
да предизвикаат сериозни повреди или оштетување на Вашиот уред.
• Samsung не може да биде одговорен за безбедноста на корисникот кога
употребува додатоци или делови коишто не се одобрени од Samsung.
Не го испуштајте и не предизвикувајте удари на полначот или на
уредот
Внимателно ракување и отфрлање на уредот и полначот во
отпад
• Никогаш не фрлајте ги батеријата или уредот во оган. Никогаш не
поставувајте ги батеријата или уредот на или во загреани уреди, како
што се микробранови печки, рерни или радијатори. Уредот може да
експлодира доколку се загрее прекумерно. Следете ги сите локални
регулативи кога фрлате во отпад употребена батерија или уред.
• Никогаш не удирајте го и не дупчете го уредот.
• Избегнете изложување на уредот на висок надворешен притисок што
може да доведе до внатрешен краток спој и презагревање.
Заштитете ги уредот, батеријата и полначот од оштетување
• Избегнете изложување на Вашиот уред и батерија на многу ниски или
многу високи температури.
• Екстремните температури може да го оштетат уредот и да го намалат
капацитетот на полнење и работниот век на Вашиот уред и батерија.
• Спречете каков било контакт на батеријата со метални предмети
бидејќи тоа може да предизвика контакт помеѓу половите + и - на
Вашата батерија и да доведе до привремено или трајно оштетување на
батеријата.
• Никогаш не користете оштетен полнач или батерија.