beautypg.com

Што претставува remote support, Решавање на проблеми – Samsung UE46F8500SL User Manual

Page 283

background image

Македонски - 19

М

акедонски

Што претставува Remote Support?

Услугата Remote Support од Samsung ви нуди поддршка лице-во-лице со техничар од Samsung кој може далечински да ви
помогне.

• Дијагнозирање на вашиот телевизор

• Прилагодување на поставувањата на телевизорот наместо вас

• Ресетирање на вашиот телевизор на фабрички вредности

• Инсталирање на препорачани ажурирања на фирмверот

Како функционира?

Далечинското сервисирање на вашиот телевизор од страна на техничко лице од Samsung е навистина едноставно

1. Јавете се во

контактниот центар на
Samsung и побарајте
далечинска поддршка.

2. Отворете го менито

на вашиот телевизор
и одете во делот за
поддршка.

3. Изберете Далечинско

управување и кажете му
го Pin# кодот на агентот.

4. Потоа агентот ќе

пристапи на вашиот
телевизор. Тоа е с

è!

Решавање на проблеми

Доколку имате прашања за телевизорот, најпрво погледнете ја оваа листа. Ако не можете да примените ниту еден од овие
совети за решавање проблеми, посетете ја интернет страницата “www. samsung.com,” потоа кликнете на Поддршка или
обратете се во центарот за поддршка кој е наведен на задната корица од овој прирачник.

Проблеми

Решенија и објаснувања

Телевизорот не може да се вклучи.

• Проверете дали AC кабелот за напојување е добро приклучен во ѕидниот приклучок и

телевизорот.

• Проверете дали ѕидниот приклучок функционира.
• Обидете се да го притиснете копчето

P

на телевизорот за да проверите дали далечинскиот

управувач работи правилно. Доколку телевизорот се вклучи, погледнете го делот
“Далечинскиот управувач не функционира” подолу.

Нема слика/видео сигнал.

• Проверете ги поврзувањата на каблите. Исклучете ги и повторно приклучете ги сите кабли

кои се поврзани на телевизорот и надворешните уреди.

• Поставете ги излезите на вашите надворешни уреди (кабелски/сателитски приемник, DVD,

Blu-ray итн.) да одговараат на поврзувањата на влезовите на телевизорот. На пример, ако
излезот на надворешниот уред е HDMI, тој треба да биде поврзан на HDMI приклучокот на
телевизорот.

• Проверете дали надворешните уреди се вклучени.
• Проверете дали сте го избрале соодветниот влезен извор.
• Рестартирајте го поврзаниот уред така што ќе го исклучите од напојување, а потоа повторно

ќе го вклучите кабелот за напојување на уредот.

Далечинскиот управувач не функционира.

• Заменете ги батериите на далечинскиот управувач. Проверете дали поларитетот (+/–) на

батеријата е поставен во точната насока.

• Исчистете го прозорецот за пренос на сензорот од далечинскиот управувач.
• Обидете се да го насочите далечинскиот управувач директно кон телевизорот на

оддалеченост од 150-180 см.

Далечинскиот управувач од кабелскиот/
set top box приемник не го вклучува и
исклучува телевизорот и не ја прилагодува
јачината на звукот.

• Програмирајте го далечинскиот управувач од кабелскиот/сателитскиот приемник да

функционира со телевизорот. Погледнете го прирачникот за користење на кабелскиот/Set-
Top-Box приемник и пронајдете го кодот за вашиот телевизор од SAMSUNG.

Овој TFT LED екран се состои од подпиксели за чие создавање е потребна софистицирана технологија. На екранот,
сепак, може да се појават неколку светли или темни пиксели. Овие пиксели нема да имаат никакво влијание на
перформансите на уредот.

За да го доведете вашиот телевизор во оптимална состојба, надградете го со најновиот фирмвер на интернет
страницата на Samsung преку USB (Samsung.com > Поддршка > Преземања).

Некои слики и функции погоре се достапни само кај одредени модели.

[UF8500-XH]BN68-04803E-02L16.indb 19

2013-11-01 11:48:26