Samsung UE46F8500SL User Manual
Page 281

Македонски - 17
М
акедонски
Извршување на впарување на активните очила за 3D
✎
Што значи впарување? Впарувањето е процес кој ги подготвува уредите за разменување на податоци, така што
уредите, при работа, можат веднаш да испраќаат и разменуваат податоци.
• Впарување: Притиснете го копчето за впарување на очилата за 3D повеќе од 1
секунда. Впарувањето ќе започне.
✎
потребни се 10 - 15 секунди за повторно поврзување на очилата. На очилата
нема копче за исклучување на напојувањето.
• Вклучување / исклучување на очилата за 3D: Ставете ги очилата за 3D.
Очилата автоматски ќе се вклучат, а зелената LED диода ќе свети 3 секунди. За
да ги исклучите очилата, потребно е да ги извадите. По неколку минути, очилата
автоматски ќе се исклучат, а црвената LED диода ќе свети 3 секунди. (проверете
дали на телевизорот е активирана функцијата 3D пред да започнете да ги
користите очилата за 3D.)
• Работен опсег
✎
Штом ги впарите очилата за 3D, на ТВ екранот ќе се
прикаже преостанатиот капацитет на батеријата. (Оваа
функција ја има само кај 3D телевизорите од серија F и
3D очилата на Samsung кои се достапни од 2013 година.)
✎
Оддалеченоста на функционирање зависи од пречките
(човек, метал, ѕидови итн.) или електромагнетните
бранови.
✎
Ве потсетуваме дека ако ги извадите очилата за 3D
при гледање на 3D видео и 3D режимот остане активен
на вашиот телевизор, ќе бидат потребни 5 минути за
очилата за 3D да се исклучат.
✎
Ако очилата не започнат да функционираат веднаш по
ставањето, додека телевизорот е во 3D режим, ставете
ги повторно.
✎
Овој производ може да се надополнува со енергија. Кога ќе се обидете да го користите за прв пат, можно е да не
функционира поради истрошена батерија. Во тој случај, наполнете ја батеријата.
Впарување за прв пат
1. Вклучете го телевизорот и почекајте целосно да се вклучи.
2. Кратко притиснете го копчето за впарување на очилата за 3D. Очилата за 3D ќе се вклучат и впарувањето ќе започне.
3. Кога впарувањето успешно ќе заврши, на ТВ екранот ќе се прикаже пораката “3D очилата се поврзани со ТВ.”.
4. Уживајте во 3D видео откако ќе ги конфигурирате поставувањата за 3D функцијата на телевизорот.
✎
По првото впарување, очилата за 3D автоматски ќе се вклучат при ставањето. За да ги исклучите, извадете ги
очилата.
✎
Ако впарувањето не успее, очилата за 3D ќе се исклучат.
✎
Ако првиот обид за впарување не успее, исклучете го и повторно вклучете го телевизорот, а потоа преминете на чекор
2.
✎
LED диодата наизменично ќе трепка во зелена и црвена боја 1 секунда ако впарувањето е во тек.
Како повторно да извршите впарување: Притиснете го копчето за впарување на очилата за 3D повеќе од
1 секунда.
<Впарувањето мора повторно да се изврши во следните случаи>
• По извршување на поправките на вашиот 3D телевизор, можеби ќе треба повторно да извршите впарување.
• Доколку сакате да репродуцирате 3D содржини на друг модел на 3D телевизор од Samsung кој припаѓа на серијата D, E
или F, издаден во периодот од 2011 до 2013 година. Мора да ги впарите очилата со друг телевизор.
Препорачана оддалеченост за впарување
50 cm
2-6 m
Препорачана оддалеченост за гледање
Препорачана оддалеченост за гледање
2-6m
Препорачана оддалеченост за впарување
50 cm или помалку
[UF8500-XH]BN68-04803E-02L16.indb 17
2013-11-01 11:48:26