Samsung PS64F8500SL User Manual
Page 283

Македонски - 19
М
акедонски
Монтирање на телевизорот на ѕид користејќи го комплетот со
ѕиден носач (изборно)
Монтирање на ѕид или таван
Ако го монтирате производот на ѕид, тоа треба да го сторите на начин кој го препорачува производителот. Доколку не го монтирате
правилно, производот може да излезе од лежиштето и да падне, да предизвика сериозни повреди на деца или возрасни и сериозни
оштетувања на производот.
Монтирање на комплетот со ѕиден носач
Комплетите со ѕиден носач (се продаваат одделно) ќе ви овозможат да го монтирате телевизорот на ѕид.
За детални информации во врска со инсталирањето на ѕидниот носач, погледнете ги инструкциите кои се испорачуваат со ѕидниот
носач. Ви препорачуваме да се обратите до техничко лице за помош при инсталирањето на ѕидниот носач. Не Ви препорачуваме
да го направите сами. Компанијата Samsung Electronics не е одговорна за оштетувањата на производот или повредите кај вас или
другите лица, доколку се одлучите сами да го монтирате ѕидниот носач.
Монтирање на ѕиден носач
Прикачување на носачот за пополнување
Носач за пополнување
За подетални информации, погледнете го упатството за користење
на комплетот со ѕиден носач што сте го купиле.
При монтирање на телевизорот на ѕид, прикачете го носачот за
пополнување како што е прикажано.
Спецификации на комплетот со ѕиден носач (VESA)
✎
Комплетот со ѕиден носач не се испорачува, туку се продава одделно. Инсталирајте го вашиот ѕиден носач на цврст ѕид кој
е поставен нормално на подот. Кога го прицврстувате за подлоги од друг вид градежен материјал, ве молиме обратете се до
најблискиот дистрибутер. Доколку се инсталира на таван или ѕид кој е косо поставен, може да предизвика сериозни повреди.
✎
ЗАБЕЛЕШКА
− Стандардните димензии за ѕидните носачи се прикажани во табелата подолу.
− При купувањето на нашиот ѕиден носач, обезбедено е детално упатство за инсталирање и сите останати делови потребни
при монтажата.
− Не употребувајте завртки кои не ги исполнуваат VESA стандардите за спецификација на завртки.
− Не употребувајте завртки кои се подолги од стандардните димензии или не ги исполнуваат VESA стандардите за
спецификација на завртки. Завртките кои се премногу долги можат да ја оштетат внатрешноста на вашиот телевизор.
− За ѕидните носачи кои не се во согласност со VESA стандардите за спецификација на завртките, должината на завртките
може да се разликува во зависност од спецификациите на ѕидниот носач.
− Не ги прицврстувајте завртките премногу; бидејќи производот може да се оштети или, пак, да падне и да ве повреди.
Компанијата Samsung нема да сноси одговорност за овој вид на несреќи.
− Компанијата Samsung не одговара за оштетувањата на производот или личните повреди кога се употребуваат ѕидни носачи
кои не ги исполнуваат VESA стандардите или спецификациите за монтирање или во случаи кога корисникот не го следи
упатството за инсталирање.
− Не го монтирајте телевизорот со закосување над 15 степени.
Палета на
производи
Инчи
VESA спец.(A * B)
Стандардни
завртки
Количина
PDP телевизори
[Ultra-Slim]
51
400 X 400
M8
4
60 - 64
600 X 400
✎
Отстранете ги пластиките од дупките пред да го инсталирате ѕидниот носач на ѕидот.
Не вршете инсталирање на ѕидниот носач додека телевизорот е вклучен. Може да дојде до повреди
како последица на електричен удар.
[PF8500-XH]BN68-04828G_01L16.indb 19
2013-03-16 7:08:50