beautypg.com

Samsung GT-P5200 User Manual

Page 332

background image

Македонски

331

Внимателно ракувајте со SIM-картичките, мемориските

картички и каблите

• Кога вметнувате картичка или поврзувате кабел во уредот, осигурете

се дека картичката е вметната или кабелот е поврзан во правилната

страна.

• Не отстранувајте картичка кога уредот пренесува или прима

информации, бидејќи тоа може да предизвика губење на податоците и/

или оштетување на картичката или уредот.

• Заштитете ги картичките од силни удари, статички електрицитет и

електрични пречки од другите уреди.

• Не ги допирајте златно обоените контакти или полови со прсти или

метални предмети. Доколку не е чиста, пребришете ја картичката со

мека крпа.

• Вметнувањето картичка или поврзувањето кабел присилно или

неправилно може да доведе до оштетување на повеќенаменскиот

приклучок или другите делови на уредот.

Обезбедете пристап до услугите за итни случаи

Повиците за итни случаи од Вашиот уред можеби нема да бидат возможни

во некои подрачја или околности. Пред патување во оддалечени или

неразвиени подрачја, испланирајте резервен метод за контакт со

персоналот задолжен за итни повици.

Заштитете ги Вашите лични податоци, и спречете протекување

или злоупотреба на чувствителни информации

• При користење на уредот, уверете се дека ќе направите резервна копија

на Вашите важни податоци. Samsung не е одговорен за губењето какви

било податоци.

• Кога сакате да го отстраните Вашиот уред, направете резервна копија

од Вашите податоци, потоа ресетирајте го Вашиот уред за да спречите

погрешна употреба на Вашите лични податоци.

• Внимателно прочитајте го приказот со овластувања кога преземате

апликации. Особено бидете претпазливи со апликации кои имаат

пристап до многу функции или до значајна количина на Вашите лични

податоци.

• Редовно проверувајте ги Вашите сметки за неодобрена или сомнителна

употреба. Ако најдете каков било знак на злоупотреба на Вашите

лични податоци, контактирајте го Вашиот оператор да ги избрише или

промени Вашите податоци за сметката.

• Во случај уредот да го изгубите или да Ви биде украден, променете ги

лозинките на Вашите сметки за заштита на Вашите лични податоци.

• Избегнувајте да користите апликации од непознати извори и

заклучувајте го Вашиот уред со шара, лозинка или PIN.

This manual is related to the following products: