Подигнување и пренесување на телевизорот, Поставување на маса – LG 50PB560V User Manual
Page 348

13
МАКЕДОНСКИ
СОСТАВУВАЊЕ И ПОДГОТОВКА
Подигнување и пренесување на
телевизорот
При пренесување или подигнување на телевизорот,
прочитајте ги следните напатствија за да се спречи
гребење или оштетување на телевизорот и за безбедно
пренесување без оглед на видот и големината.
ВНИМАНИЕ
y
Избегнувајте секакво допирање на
екранот, бидејќи тоа може да резултира во
оштетување на екранот.
y
Се препорачува телевизорот да се пренесува
во кутијата или материјалот за пакување во кои
телевизорот оригинално бил испорачан.
y
Пред преместување или подигнување на телевизорот,
откачете го кабелот за напојување и сите кабли.
y
Кога го држите телевизорот, екранот треба да
биде завртен спротивно од вашето тело за да
се избегне оштетување.
y Цврсто држете го горниот и долниот дел од рамката на
телевизорот. Внимавајте да не ги држите проѕирниот
дел, звучникот или делот за решетка на звучникот.
y
При пренесување на голем телевизор, потребно
е учество на најмалку 2 лица.
y При рачно пренесување на телевизорот, држете го
телевизорот како што е прикажано на следната слика.
y
При пренесување на телевизорот, немојте да го
изложувате на нишање или прекумерни вибрации.
y При пренесување на телевизорот, задржете го во
исправена положба, никогаш немојте да го завртувате
странично или да го накосувате налево или надесно.
y
Не применувајте прекумерен притисок кој би
предизвикал превиткување/закривување на рамката
на куќиштето, бидејќи тоа може да го оштети екранот.
Поставување на маса
1 Подигнете го телевизорот и закосете го по потреба за да
дојде во исправена положба на масата.
- Оставете простор од 10 cm (минимум) од
ѕидот за правилна вентилација.
10 cm
10 cm
10 cm
10 cm
2 Поврзете го кабелот за напојување со штекер на ѕид.
ВНИМАНИЕ
y
Немојте да го поставувате телевизорот во
близина на извори на топлина, бидејќи може
тоа може да предизвика пожар или друга
штета.
Прицврстување на телевизорот на ѕид
(Оваа функција не е достапна за сите модели.)
1 Вметнете ги и прицврстете ги завртките со отвор,
или носачите и завртките на задната страна од
телевизорот.
- Ако има вметнато завртки на местото за
завртки со отвор, прво извадете ги завртките.
2 Монтирајте ги носачите за ѕид со завртките на ѕидот.
Усогласете ја позицијата на носачите за ѕид со
завртките со отвор поставени на задната страна
од телевизорот.
3 Цврсто поврзете ги завртките со отвор и носачите
за ѕид со издржливо јаже.
Внимавајте да задржите хоризонтална положба
на јажето.