LG 50PB560V User Manual
Page 340
5
МАКЕДОНСКИ
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
y
y
Не дозволувајте удирање или паѓање на објекти во производот и не фрлајте
предмети кон екранот.
Би можеле да се повредите или производот може да се оштети.
y
y
Никогаш не допирајте го овој производ или антената за време на грмотевици
или молњи.
Може да ве удри струја.
y
y
Никогаш не допирајте го штекерот на ѕидот кога постои испуштање на гас -
отворете ги прозорците и проветрете.
Тоа може да предизвика пожар или запалување со искра.
y
y
Немојте сами да го расклопувате, поправате или модификувате производот.
Може да дојде до пожар или незгода од струен удар.
Контактирајте го сервисниот центар за проверка, калибрација или поправка.
y
y
Ако се случи нешто од подолу наведеното, веднаш исклучете го производот од
напојување и обратете се до локалниот сервисен центар.
y
- Производот е удрен
y
- Производот е оштетен
y
- Туѓи тела се навлезени во производот
y
- Производот испушта чад или чуден мирис
Ова може да предизвика пожар или електричен удар.
y
y
Ако немате намера да го користите производот подолго време, исклучете го
струјниот кабел од производот.
Наталожената прашина може да предизвика пожар или поради оштетена
изолација може да дојде до истекување на електрична струја, струен удар или
пожар.
y
y
Уредот не би требало да се изложува на капење и прскање и на него не треба
да се поставуваат предмети наполнети со течности, како на пр. вазни.
y
y
Не инсталирајте го овој производ на ѕид, доколку таму може да се изложи на масло или масни честички.
Тоа може да предизвика оштетување и паѓање на производот.
ВНИМАНИЕ
y
y
Инсталирајте го производот на места каде што нема радио бранови.
y
y
Треба да има доволно растојание помеѓу надворешната антена и електричниот
вод за да се спречи контакт меѓу нив дури и ако антената падне.
Тоа би можело да предизвика електричен удар.