Samsung SM-T230 User Manual
Page 443
Македонски
442
Не го обојувајте уредот и не ставајте лепенки врз него
• Бојата и лепенките можат да ги заглават подвижните делови и да го
спречат правилното работење.
• Ако сте алергични на боја или метални делови од уредот, може да
почувствувате чешање, егзема или натекување на кожата. Ако дојде
до тоа, престанете со употреба на уредот и консултирајте се со
Вашиот лекар.
Не користете го уредот ако е напукнат или скршен
Скршено стакло или акрил може да ги повреди Вашите раце и лице.
Однесете го уредот во сервисниот центар на Samsung за да биде
поправен.
Инсталирајте го мобилниот уред и опремата со внимание
• Проверете дали сите мобилни уреди или соодветната опрема
инсталирана во Вашето возило се безбедно вградени.
• Избегнувајте да го поставувате уредот и дополнителната опрема
во близина на или во делот за воздушното перниче. Неправилно
инсталираната безжична опрема може да предизвика сериозни
повреди кога воздушните перничиња ќе се напумпаат нагло.
Не испуштајте го уредот и не предизвикувајте удари на уредот
• Вашиот уред може да се оштети или да не функционира правилно.
• Ако е искривен или деформиран, Вашиот уред може да биде оштетен
и некои делови може да не функционираат.
Обезбедете максимален век на траење на батеријата и полначот
• Избегнувајте полнење на батеријата подолго од една седмица
бидејќи прекумерното полнење може да го скрати работниот век на
батеријата.
• По извесно време, уредот што не се користи ќе ја испразни батеријата
и мора да се наполни пред употреба.
• Исклучете го полначот од изворите на напојување кога не е во
употреба.
• Користете ја батеријата само за нејзината намена.
• Ако ги оставите батериите без да се користат подолго време, може да
дојде до намалување на нивниот работен век и нивните перформанси.
Исто така, тоа може да предизвика батериите да функционираат
неправилно или да експлодираат, или пак да предизвикаат пожар.