Грижете се и користете го правилно вашиот уред – Samsung SM-T230 User Manual
Page 440
Македонски
439
Грижете се и користете го правилно Вашиот уред
Уредот мора секогаш да биде сув
• Влажноста и течностите може да ги оштетат деловите или
електричните кола на Вашиот уред.
• Не вклучувајте го Вашиот уред додека е мокар. Ако уредот веќе е
вклучен, исклучете го и извадете ја батеријата веднаш (ако уредот не
може да се исклучи или не можете да ја извадите батеријата, оставете
го како што е). Потоа, исушете го уредот со крпа и однесете го во
сервисен центар.
• Во овој уред се вградени индикатори за течност. Оштетувањата на
Вашиот уред предизвикани од вода може да ја поништат гаранцијата
на производителот.
Чувајте го Вашиот уред само на рамни површини
Ако Вашиот уред падне, може да се оштети.
Не чувајте го Вашиот уред во многу топли или многу ладни
простории. Се препорачува да го користите Вашиот уред на
температури од 5 °C до 35 °C
• Не чувајте го Вашиот уред во многу топли простории како на
пример во автомобил летно време. Во спротивно може да дојде до
неправилно функционирање на екранот, оштетување на уредот или
експлодирање на батеријата.
• Не изложувајте го уредот на директна сончева светлина подолго
време (на пример, на контролната табла во автомобилот).
• Чувајте ја батеријата на температури од 0 °C до 45 °C.
Не чувајте го Вашиот уред заедно со метални предмети, како
монети, клучеви и накит
• Вашиот уред може да се изгребе или да не функционира правилно.
• Доколку контактите на батеријата дојдат во допир со метални
предмети, може да настане пожар.