Samsung GT-I8262 User Manual
Page 430
Македонски
429
Заштитете ги Вашите лични податоци, и спречете протекување или
злоупотреба на чувствителни информации
• При користење на уредот, уверете се дека ќе направите резервна
копија на Вашите важни податоци. Samsung не е одговорен за
губењето какви било податоци.
• Кога сакате да го отстраните Вашиот уред, направете резервна копија
од Вашите податоци, потоа ресетирајте го Вашиот уред за да спречите
погрешна употреба на Вашите лични податоци.
• Внимателно прочитајте го приказот со овластувања кога преземате
апликации. Особено бидете претпазливи со апликации кои имаат
пристап до многу функции или до значајна количина на Вашите лични
податоци.
• Редовно проверувајте ги Вашите сметки за неодобрена или
сомнителна употреба. Ако најдете каков било знак на злоупотреба
на Вашите лични податоци, контактирајте го Вашиот оператор да ги
избрише или промени Вашите податоци за сметката.
• Во случај уредот да го изгубите или да Ви биде украден, променете ги
лозинките на Вашите сметки за заштита на Вашите лични податоци.
• Избегнувајте да користите апликации од непознати извори и
заклучувајте го Вашиот уред со шара, лозинка или PIN.
Не распространувајте материјали со заштитени авторски права
Не распространувајте материјал со заштитени авторски права без
дозвола од сопственикот на правата. Правејќи го тоа, може да ги
прекршите законите за авторски права. Производителот не е одговорен
за било какви правни прашања предизвикани од илегалната употреба на
материјали со заштитени авторски права.