beautypg.com

Samsung PS51D8000FS User Manual

Page 216

background image

Македонски - 16

Монтирање на ѕидниот носач

Монтирање на комплетот со ѕиден носач

Комплетите со ѕиден носач (се продаваат одделно) ви овозможуваат да го монтирате телевизорот на
ѕид.
За детални информации околу инсталирањето на ѕидниот носач, погледнете ги инструкциите кои
се испорачуваат со ѕидниот носач. За помош при инсталирањето на ѕидниот носач, обратете се до
техничко лице.
Компанијата Samsung Electronics не е одговорна за оштетувањата на производот или повредите кај вас
или другите лица, доколку се одлучите сами да го монтирате телевизорот.

Спецификации на комплетот со ѕиден носач (VESA)

Комплетот со ѕиден носач не се испорачува, туку се продава одделно.

Инсталирајте го вашиот ѕиден носач на цврст ѕид кој е поставен нормално на подот. Кога го
прицврстувате за подлоги од друг вид градежен материјал, ве молиме обратете се до најблискиот
дистрибутер. Доколку се инсталира на таван или ѕид кој е косо поставен, може да предизвика сериозни
повреди.

ЗАБЕЛЕШКА

x

Стандардните димензии за ѕидните носачи се прикажани во табелата подолу.

x

При купувањето на нашиот ѕиден носач, обезбедено е детално упатство за инсталирање и сите
останати делови потребни при монтажата.

x

Не употребувајте завртки кои не ги исполнуваат VESA стандардите за спецификација на завртки.

x

Не употребувајте завртки кои се подолги од стандардните димензии или не ги исполнуваат VESA
стандардите за спецификација на завртки. Завртките кои се премногу долги можат да ја оштетат
внатрешноста на вашиот телевизор.

x

За ѕидните носачи кои не се во согласност со VESA стандардите за спецификација на завртките,
должината на завртките може да се разликува во зависност од спецификациите на ѕидниот
носач.

x

Не ги прицврстувајте завртките премногу; бидејќи производот може да се оштети или, пак, да
падне и да ве повреди. Компанијата Samsung нема да сноси одговорност за овој вид на несреќи.

x

Компанијата Samsung не одговара за оштетувањата на производот или личните повреди кога
се употребуваат ѕидни носачи кои не ги исполнуваат VESA стандардите или спецификациите за
монтирање или во случаи кога корисникот не го следи упатството за инсталирање.

x

Нашиот модел од 55” не е во согласност со VESA спецификациите. Затоа за овој модел
употребувајте го нашиот наменски комплет со ѕиден носач.

x

Не го монтирајте телевизорот со закосување над 15 степени.

Палета на

производи

инчи

VESA Спец. (A * B)

Стандардни

завртки

Количина

PDP телевизор

[ултра-тенок]

51

400 X 400

M8

4

59~64

600 X 400

Отстранете ги пластиките од дупките пред да го инсталирате ѕидниот носач на ѕидот.

Не вршете инсталирање на ѕидниот носач додека телевизорот е вклучен. Може да
дојде до повреди како последица на електричен удар.

[PD8000-XH]BN68-03451D-00L17.indb 16

2011-03-14 오전 11:18:34

This manual is related to the following products: