Samsung PS51D8000FS User Manual
Page 208

Македонски - 8
Поврзување со AV уреди
¦
Достапни уреди: DVD, Blu-ray player, HD cable box, HD STB (Set-Top-Box) satellite
receiver, VCR, Digital Audio System, Amplifier, DVD home Theatre, PC
Користење на HDMI или HDMI кон DVI кабел за поврзување (до 1080p)
✎
HDMI IN 1(DVI), 2(ARC), 3, 4 / PC/DVI AUDIO IN
x
За подобар квалитет на сликата и звукот, поврзувајте ги дигиталните уреди со HDMI кабел.
x
HDMI кабелот поддржува дигитални видео и аудио сигнали и за него не е потребен
дополнителен аудио кабел.
– За поврзување на телевизорот со дигитален уред кој не поддржува HDMI излез, користете
HDMI/DVI и аудио кабли.
x
Доколку надворешниот уред кој е поврзан со телевизорот користи постара верзија на HDMI
режим, можно е сликата да не се прикаже правилно (или воопшто) или да нема звук. Доколку
настане ваков проблем, обратете се кај производителот на надворешниот уред за верзијата на
HDMI и, ако е застарена, побарајте надградба.
x
Мора да користите HDMI кабел со дебелина од 14 mm или помалку.
x
Мора да купите HDMI кабел со сертификат. Во спротивно, можно е сликата да не се прикаже
или да настане грешка при поврзувањето.
x
Се препорачува основен HDMI кабел со голема брзина или со опција за етернет. Овој
производ не ја поддржува функцијата за етернет преку HDMI.
x
Овој производ ги поддржува функциите 3D и ARC (повратен аудио канал) преку HDMI кабел.
Ве потсетуваме дека функцијата ARC е поддржана само преку
HDMI IN 2(ARC)
приклучокот.
– Ако функцијата 3D авто. приказ е поставена на Вкл, некои функции како SMART HUB
може да бидат оневозможени. Во тој случај, поставете ја функцијата 3D авто. приказ или 3D
режим на Иск.
x
Функцијата ARC овозможува дигитален излез на звукот преку
HDMI IN 2(ARC)
приклучокот.
Таа може да се активира само кога телевизорот е поврзан со аудио приемник кој ја поддржува
функцијата ARC.
(DVI)
(ARC)
HDMI OUT
DVI OUT
AUDIO OUT
R-AUDIO-L
Поврзување со HDMI
Поврзување со HDMI кон DVI кабел
[PD8000-XH]BN68-03451D-00L17.indb 8
2011-03-14 오전 11:18:23