Samsung GT-I9506 User Manual
Page 435

Македонски
434
Услугите на трети страни можат да бидат укинати или прекинати во
кое и да е време и Samsung не дава никакви изјави или гаранции дека
која било содржина или услуга ќе биде достапна во кој било временски
период. Содржините и услугите се пренесуваат од трети страни преку
мрежи и уреди за пренос врз кои Samsung нема никаква контрола. Без
ограничување на општите напомени на оваа изјава за одрекување,
Samsung изречно одрекува каква и да е одговорност за прекин или
суспензија на која било содржина или услуга достапна преку овој уред.
Samsung не е одговорен за услугата за корисниците во врска со овие
содржини и услуги. Сите прашања или барања во врска со услугата
поврзана со овие содржини или услуги треба директно да се испратат до
соодветните даватели на содржини и услуги.