beautypg.com

Одржување и сервис – Bosch PST 900 PEL User Manual

Page 81

background image

Македонски | 81

Bosch Power Tools

1 609 92A 06P | (9.4.13)

вклучете. Кај електричните апарати со контрола на бројот
на удари изберете го максималниот број на удари.
Притиснете го цврсто електричниот апарат на делот што се
обработува и оставете го листот за пила полека да се
вдлабне во него.

Откако основната плоча 7 со целата површина ќе се
постави на делот што се обработува, продолжете да
сечете по должина на саканата линија.

Паралелен граничник со тркалезен секач (опрема)
При работа со паралелен граничник со тркалезен секач 26
(опрема) дебелината на делот што се обработува смее да
изнесува најмногу 30 мм.

Извадете ја подлогата за „Cut Control“ 13 од основната
плоча 7. Притоа лесно притиснете ја подлогата и извадете
ја од водилката 23.
PST 1000 PEL: При употреба на лизгачката папуча 11
транспарентниот прозорец за „Cut Control“ 12 може да се
прицврсти напред на лизгачката папуча. Ова го олеснува
точното подесување на линијата за сечење пред се при
правење на закосени резови (види „Контрола на линиите
на резот при закосено сечење“, страна 79).

Паралелни резови (види слика J): Олабавете го шрафот
за заклучување 27 и вметнете ја скалата на паралелниот
граничник низ водилката 23 во основната плоча. Подесете
ја саканата широчина на резот како вредност на скалата на
внатрешниот раб од основната плоча. Цврсто зашрафете
го шрафот за заклучување 27.
Тркалезни резови (види слика K): Во средината на
кругот што треба да го сечете издупчете една дупка -
доволна да влезе листот за пилата. Обработете ја дупката
со глодалка или турпија, за да може листот за пила да легне
на линијата за сечење. Поставете го шрафот за
заклучување 27 на другата страна од паралелниот
граничник. Вметнете ја скалата на паралелниот граничник
низ водилката 23 во основната плоча. Во средината на
делот што треба да се исече, издупчете една дупка. Врвот
за центрирање 28 вметнете го низ внатрешниот отвор на
паралелниот граничник во издупчената дупка. Подесете
го радиусот како вредност на скалата на внатрешниот раб
на основната плоча. Цврсто зашрафете го шрафот за
заклучување 27.

Средства за разладување/подмачкување
При сечење на метал, заради вжештување на материјалот,
нанесете средство за ладење одн.подмачкување по
должината на линијата на резот.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

Пред било каква интервенција на електричниот

апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.

Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и

отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.

Редовно чистете го прифатот за листовите за пила. За го
исчистите, извадете го листот за пила од електричниот
апарат и тропнете лесно со електричниот апарат на рамна
површина.

Јаката нечистотија на електричниот апарат може да
доведе до пречки во функцијата. Поради тоа,
материјалите од кои се создава многу прав при сечењето,
не ги сечете од долу или над главата.
При екстремни услови на примена, доколку е

возможно користете секогаш уред за вшмукување.
Издувувајте ги почесто отворите за проветрување и
приклучете заштитен прекинувач за
диференцијална струја-(FI-).
При обработка на
метали, во внатрешноста на електричниот апарат може
да се собере спроводлива прав. Може да се оштети
заштитната изолација на електричниот апарат.

Водечкиот валјак 18 подмачкајте го одвреме-навреме со
неколку капки масло.

Редовно контролирајте го водечкиот валјак 18 . Доколку е
истрошен, мора да се замени во овластената
специјализирана продавница на Bosch.

Доколку електричниот апарат се расипе и покрај
грижливото одржување во согласност со напомените на
производителот, поправката треба да се изврши само од
страна на овластената сервисна служба за Bosch-
електрични алати.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на уредот.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.

Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: [email protected]
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888

Отстранување

Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта
за ѓубре!

OBJ_BUCH-1098-003.book Page 81 Tuesday, April 9, 2013 9:34 AM