Монтажа – Bosch PST 900 PEL User Manual
Page 77

Македонски | 77
Bosch Power Tools
1 609 92A 06P | (9.4.13)
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на електрични
апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена
процена на оптеретувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да
отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го
зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на
целокупното работење.
За прецизно одредување на оптеретувањето со вибрации,
треба да се земе во обѕир периодот во кој уредот е
исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во
употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот пред да влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните
апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината
на дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност
Тврдиме на наша одговорност, дека опишаните
производи во „Технички податоци“ се сообразни со
следните норми или нормативни документи: EN 60745
според одредбите на регулативите 2009/125/EC,
(одредба 1194/2012), 2011/65/EU, 2004/108/EC,
2006/42/EC.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, Postfach 10 01 56,
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
Leinfelden, 03.08.2011
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Вметнување/замена на листот за пилата
При монтажа на листот од пилата носете заштитни
ракавици. При допирање на листот за пилата постои
опасност од повреда.
Избор на лист за пилата
Прегледот со препорачаните листови за пила ќе најдете на
крајот на ова упатство. Поставувајте само листовите за
пила со сечило со еден заоблен дел (T-сечило). Листот за
пилата не треба да биде подолг отколку што е потребно за
предвидениот рез.
За сечење на тесни криви линии користете тесен лист
пила.
Вметнување на листот за пилата (види слика A1)
Евентуално извадете ја заштитната хауба 10 (види
„Заштитна хауба“).
Вметнете го листот за пила 19, со запците во правец на
сечењето, до крај во прифатот за листот за пила 16. SDS-
лостот 17 автоматски ќе скокне нагоре, и листот за пила ќе
се заклучи. Не го притискајте лостот 17 со дланката
наназад, бидејќи на тој начин може да го оштетите
електричниот апарат.
При вметнувањето на листот за пила внимавајте на тоа,
задниот дел на листот за пила да лежи во жлебот на
водечкиот валјак 18.
Проверете дали е стабилен листот за пила. Лабаво
поставениот лист за пила може да испадне и да ве
повреди.
Исфрлање на листот за пила (види слика A2)
При исфрлањето на листот за пила, држете го
електричниот апарат на тој начин што нема да биде
во близина на лица или животни кои би можеле да се
повредат од исфрлениот лист пила.
Свртете го SDS-лостот 17 до крај нанапред во правец на
заштитата од случаен контакт 20. Листот за пила ќе се
олабави и исфрли.
Депо за листовите за пилата (PST 900 PEL)
(види слика B)
Во депото за листовите за пила 21 може да чувате до шест
листови за пила со должина до 110 мм. Листовите за пила
со сечило со еден заоблен дел (T-сечило) вметнете ги во
вдлабнатината што е предвидена за него во депото за
листовите за пила. Еден врз друг може да лежат до три
листови за пила.
Затворете го депото за листовите за пила и вметнете го до
крај во вдлабнатината на основната плоча 7.
Лизгачка папуча (PST 1000 PEL)
При обработка на осетливи површини може да ја
поставите лизгачката папуча 11 на основната плоча 7, за
да спречите гребење на горната површина.
Вкупните вредности на вибрации
a
h
(векторски збор на трите
насоки) и несигурност K дадени се
во согласност со EN 60745:
Сечење на шперплочи:
a
h
K
Сечење на метален плех:
a
h
K
m/s
2
m/s
2
m/s
2
m/s
2
11,5
4,0
8,5
2,0
10,0
2,0
7,0
2,0
Dr. Egbert Schneider
Senior Vice President
Engineering
Helmut Heinzelmann
Head of Product Certification
PT/ETM9
PS
T
90
0 PEL
PS
T
10
00 PEL
OBJ_BUCH-1098-003.book Page 77 Tuesday, April 9, 2013 9:34 AM