beautypg.com

Употреба – Bosch PST 900 PEL User Manual

Page 78

background image

78 | Македонски

1 609 92A 06P | (9.4.13)

Bosch Power Tools

За поставување на лизгачката папуча 11 закачете ја истата
напред на основната плоча 7, притиснете ја на задната
страна и оставете ја да се вклопи.

Заштита од кинење

Заштитата од кинење 22 (опрема) може да спречи кинење
на горната површина при сечење на дрво. Заштитата од
кинење може да се искористи само за одредени типови на
листови за пила и само при агол на сечење од 0°.
Основната плоча 7 при сечењето со заштита од кинење не
смее да се помести наназад во близина на краевите.

Притиснете ја заштитата од кинење 22 од долу кон
основната плоча 7.
PST 1000 PEL (види слика C): При користење на
лизгачката папуча 11 заштитата од кинење 22 не се
вметнува во основната плоча 7, туку во лизгачката папуча.

Контрола на линиите на резот „Cut Control“

Контролата на линиите на резот „Cut Control“ овозможува
прецизно водење на електричниот апарат по линијата за
сечење што е исцртана на делот што се обработува. Во
сетот „Cut Control“ спаѓаат транспарентниот прозорец 12
со ознаки за резовите и подлогата 13 за зацврстување на
електричниот апарат.

Зацврстете ја „Cut Control“ на основната плоча
(види слика D)
Зацврстете го транспарентниот прозорец за „Cut Control“
12 во држачите на подлогата 13. Потоа лесно притиснете
ја подлогата за да се вклопи во водилката 23 на основната
плоча 7.

Зацврстете ја „Cut Control“ на лизгачката папуча
(PST 1000 PEL) (види слика E)
Кај овој систем за контрола на линиите на резот,
транспарентниот прозорец за „Cut Control“ 12 може да се
прицврсти или заедно со подлогата 13 на основната плоча
7 или одделно директно на држачите на лизгачката
папуча 11.
Извадете ја подлогата за „Cut Control“ 13 од основната
плоча 7. Притоа лесно притиснете ја подлогата и извадете
ја од водилката 23.
Извадете го транспарентниот прозорец за „Cut Control“ 12
од подлогата 13 и зацврстете го во држачите на лизгачката
папуча 11.

Вшмукување на прав/струготини

 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои

видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.

– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен

вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.

– Погрижете се за добра проветреност на работното

место.

– Се препорачува носење на маска за заштита при

вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.

Избегнувајте собирање прав на работното место.

Правта лесно може да се запали.

Заштитна хауба (види слика F)
Монтирајте ја заштитната хауба 10, пред да го приклучите
електричниот апарат на вшмукувач за прав.

Поставете ја заштитната хауба 10 на електричниот апарат,
на тој начин што држачите ќе се вклопат во вдлабнатините
на куќиштето.

Извадете ја заштитната хауба 10 доколку работите без
вшмукувач за прав како и при правење на закосени
резови. Притоа притиснете ја хаубата на висина на
надворешните држачи и извлечете нанапред.

Приклучување на вшмукувачот за прав
Цревото за вшмукување 4 (опрема) прикачете го на
млазниците за вшмукување 5. Поврзете го цревото за
вшмукување 4 со вшмукувач за прав (опрема). Прегледот
за приклучување на различни видови вшмукувачи за прав
ќе го најдете на крајот од ова упатство.

Исклучете го уредот за оддувување на струготини,
доколку сте го приклучиле вшмукувачот за прав (види
„Уред за оддувување на струготините“).

Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.

При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.

Употреба

Видови употреба

Пред било каква интервенција на електричниот

апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.

Поставување на осцилациите
Осцилациите може да се постават во четири степени и
овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,
капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се
обработува.

Со лостот за подесување 8 може да ги подесите
осцилациите и за време на работењето.

без осцилации
мали осцилации
средни осцилации
големи осцилации

OBJ_BUCH-1098-003.book Page 78 Tuesday, April 9, 2013 9:34 AM