Bosch PST 900 PEL User Manual
Page 80

80 | Македонски
1 609 92A 06P | (9.4.13)
Bosch Power Tools
– Извадете го шрафот 24 и притиснете ја основната
плоча 7 до крај во правец на млазниците за
вшмукување 5.
– Повторно зацврстете го шрафот 24.
PST 1000 PEL (види слика H):
– Отворете го лостот за затегање 6 на основната плоча и
вметнете ја истата 7 до крај во правец на млазниците за
вшмукување 5.
– Затворете го лостот за затегање 6, за да ја блокирате
основната плоча во поставената позиција.
Сечењето со поместена основна плоча 7 е возможно само
со закосен агол од 0° . Освен тоа контролата за рез на
линиите „Cut Control“ со подлогата 13, паралелниот
граничник со тркалезниот секач 26 (опрема) како и
заштитата од кинење22 не смеат да се користат.
Уред за оддувување на струготините
Со струење на воздухот од уредот за оддувување на
струготини 9 на линијата на резот нема да се задржуваат
струготините.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Вклучување на LED-работно светло
Работното светло 14 ги подобрува условите за видливост
во непосредното поле за работа. Може да постигнете
особено добри резултати при работењето со пила, така
што ќе го користите работното светло заедно со
контролата за линии на резот „Cut Control“.
Работното светло 14 се вклучува со лесно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување 3. Доколку
притиснете поцврсто на прекинувачот за
вклучување/исклучување, ќе се вклучи електричниот
апарат и работното светло останува вклучено.
Не гледајте директно во работното светло, може да
ве заслепи.
Вклучување/исклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
За вклучување на електричниот апарат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 3.
За блокирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 3 истиот држете го притиснат и
притиснете ја блокадата 1 надесно или налево.
За вклучување на електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 3. Доколку сте
го блокирале прекинувачот за вклучување/исклучување 3
најпрво притиснете го истиот и потоа отпуштете го.
Контрола/избор на бројот на удари
Бројот на вртежите на вклучениот електричен апарат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 3.
Доколку сте го блокирале прекинувачот за
вклучување/исклучување 3 електричниот апарат работи
со претходно избраниот број на удари.
Со копчето за подесување на бројот на удари 2 може да го
изберете бројот на удари и да го промените за време на
работата.
Потребниот број на удари е зависен од материјалот и
работните услови и може да се утврди со практичен обид.
Се препорачува намалување на бројот на удари кога
листот за пила ќе го поставите на делот што се обработува
како и при сечење на пластика и алуминиум.
При долготрајна работа со мал број на удари електричниот
апарат може да се вжешти. Извадете го листот за пила и
оставете го електричниот апарат да се олади околу 3 мин.
така што ќе го оставите вклучен на максимален број удари.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Доколку обработувате мали или тенки делови
секогаш користете стабилна подлога или пулт за
пила (Bosch PLS 300).
Сечете со масивен притисок за да добиете оптимален и
прецизен резултат од сечењето.
При долги и прави резови во дебело дрво (>40 мм)
линијата на резот може да се искриви. За прецизни резови
во овој случај се препорачува користење на тркалезна
пила од Bosch.
Пили за вдлабнување (види слика I)
Со пилите за вдлабнување смее да се обработуваат
само материјали како дрво, гипс картон исл. !
За пилата за вдлабнување користете само кратки листови
за пила. Сечење со вдлабнување е возможно само со
закосен агол од 0°.
Поставете го електричниот апарат со предниот раб на
основната плоча 7 на делот што се обработува, без листот
за пила 19 да го допира делот што се обработува, и потоа
Вклучување на уредот за оддувување
на струготините: При работа што
создава голема количина струготини во
дрво, пластика идр. вклучете го
прекинувачот 9 во правец на
млазниците за вшмукување.
Исклучување на уредот за оддувување
на струготините: При работа со метал
како и со исклучен вшмукувач за прав,
притиснете го прекинувачот 9 во
правец на листот за пилата.
1 –2:
низок број на удари
3 –4:
среден број на удари
5 –6:
висок број на удари
OBJ_BUCH-1098-003.book Page 80 Tuesday, April 9, 2013 9:34 AM