beautypg.com

Одржување и сервис – Bosch GAS 35 L AFC Professional User Manual

Page 170

background image

170 | Македонски

1 609 92A 0D1 | (23.7.13)

Bosch Power Tools

– За вклучување на Старт/Стоп

автоматиката на вшмукувачот,
поставете го прекинувачот за избор на
начин на работа 6 на ознаката
„Старт/Стоп автоматика“.

– За Приклучување на вшмукувачот приклучете го на

конекторот 4 од приклучениот електричен апарат.
Вшмукувачот автоматски почува со работа.

– Исклучете го електричниот апарат, за вшмукувањето

да заврши.
Функцијата за продолжен тек на Старт/Стоп
автоматиката продолжува да работи уште 15 секунди,
за да ја вшмука останатата прав од цревото за
вшмукување.

– За да го исклучите, вшмукувачот,

прекинувачот за избор на начин на работа

6

поставете го на ознаката „Исклучување“.

Вшмукување на влажни материјали

Со вшмукувачот не вшмукувајте запаливи или

експлозивни течности, на пр. бензин, масло,
алкохол, средства за растворање. Не вшмукувајте
жешка или запалива прав. Не го користете
вшмукувачот во простории каде постои опасност од
експлозија.
Правта, пареата или течностите може да се
запалат или да експлодираат.

Вшмукувачот не смее да се користи како водена

пумпа. Вшмукувачот е наменет за вшмукување на
воздушни и водени мешавини.

Пред било каква интервенција на вшмукувачот,

извлечете го струјниот приклучок од конекторот.

Напомена: Барањето за степен на пропустливост (класа
на прав L) е утврдено само за вшмукување на суви
материјали.

– Пред вшмукување на влажни материјали извадете ја

вреќичката за отпад 23 или прав и испразнете го
контејнерот 1.

Напомена: За полесно отстранување, при вшмукувањето
на мешавина од вода и цврсти материјали, користете
водена филтер вреќичка (опрема), која ќе ја одвои водата
од цврстите материјали.

– Поставете ја гумената лента на подната млазница (види

„Местење на гумената лента“, страна 169).

– Исклучете го автоматското чистење на филтерот (AFC)

(види „Деактивирање на AFC“, страна 170).

Вшмукувачот е опремен со сензори за ниво на
наполнетост 35. Доколку се достигне максималното ниво
на наполнетост, вшмукувачот се исклучува. Прекинувачот
за избор на начинот на работа 6 поставете го на ознаката
„Исклучување“.

Напомена: При вшмукување на неспроводливи
материјали (на пр. емулзија настаната при дупчење, масла
и маснотии) вшмукувачот нема да се исклучи и при полн
контејнер. Состојбата на наполнетост мора постојано да се
проверува и контејнерот навреме да се празни.

За да се избегне создавањето на мувла по вшмукувањето
на влажни материјали:

– Извадете го набраниот филтер 24 и оставете го добро

да се исуши.

– Извадете го горниот дел на вшмукувачот 10, отворете

го поклопецот на филтерот 34 и оставете ги добро да се
осушат.

Чистење на филтерот

Автоматско чистење на филтерот (види слика H)
Доколку е вклучено автоматското вклучување на
филтерот (AFC = Automatic Filter Cleaning) набраниот
филтер 24 ќе се чисти на секои 15 секунди со воздушен
млаз (пулсирачки звук).

Подоцна, откако јачината на вшмукување ќе се намали,
филтерот мора да се исчисти.

Со редовно чистење на филтерот се зголемува рокот на
траење на филтерот.
За да се постигне идеален рок на употреба на филтерот,
деактивирајте го чистењето на филтерот само во
исклучителни случаи: на пр. при вшмукување на чисти
течности или при користење на хартиена филтер
вреќичка.

Доколку набраниот филтер е извалкан на површината, тој
сепак е целосно функционален. Рачно чистење на
набраниот филтер со тропање или издувување не е
потребно и може да го исчисти филтерот.

Напомена: Автоматското чистење на филтерот е
фабрички вклучено.
Вклучувањето/исклучувањето на автоматското чистење
на филтерот е возможно само доколку уредот е вклучен.

Деактивирање на AFC

Активирајте го копчето за AFC 3.
Контролното LED-светло 33 се гаси.

Активирање на AFC

Активирајте го копчето за AFC 3.
Контролното LED-светло 33 свети зелено.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

Пред било каква интервенција на вшмукувачот,

извлечете го струјниот приклучок од конекторот.

Одржувајте ја чистотата на вшмукувачот и отворите

за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.

При сервис и чистење на вшмукувачот користете

маска за заштита од прав.

Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.

Најмалку еднаш годишно потребно е са се изврши
техничка проверка од страна на производителот или
овластен сервисер, на пр. да се проверат оштетувања на
филтерот, дали вшмукувачот добро дихтува и функцијата
на уредот за контрола.

OBJ_BUCH-1746-002.book Page 170 Tuesday, July 23, 2013 1:17 PM