beautypg.com

Македонски, Безбедносни напомени – Bosch GAS 35 L AFC Professional User Manual

Page 165

background image

Македонски | 165

Bosch Power Tools

1 609 92A 0D1 | (23.7.13)

Само за страни от ЕС:

Съгласно Директивата на ЕС 2012/19/EC
относно бракувани електрически и елек-
тронни устройства и утвърждаването й
като национален закон електроинстру-
ментите, които не могат да се използват
повече, трябва да се събират отделно и

да бъдат подлагани на подходяща преработка за оползо-
творяване на съдържащите се в тях вторични суровини.

Правата за изменения запазени.

Македонски

Безбедносни напомени

Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност.
Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.

Добро чувајте ги овие упатства.
Не вшмукувајте прав настаната од обработка на

буково или дабово дрво, камен или азбест. Овие
супстанци важат за канцерогени.

Вшмукувачот користете го
само доколку имате

доволно информации за негово користење, за
материјалот што се вшмукува и за негово безбедно
отстранување.
Деталните инструкции ја намалуваат
опасноста од погрешна употреба и повреди.
Овој вшмукувач не е предвиден за користење од

страна на деца и лица со намалени психички,
физички или душевни способности или недоволно
искуство и знаење.
Инаку постои опасност од
погрешна употреба и повреди.

Не ги оставајте децата без надзор. Така ќе се

осигурате дека децата нема да си играат со
вшмукувачот.

Не ги оставајте децата без надзор за време на

чистењето или одржувањето на вшмукувачот.

Вшмукувачот е наменет за
вшмукување на суви

материјали, а со соодветни дополнителни мерки и за
вшмукување на течности.
Навлегувањето на течности во
електричниот уред го зголемува ризикот од електричен
удар.
Со вшмукувачот не вшмукувајте запаливи или

експлозивни течности, на пр. бензин, масло,
алкохол, средства за растворање. Не вшмукувајте
жешка или запалива прав. Не го користете
вшмукувачот во простории каде постои опасност од
експлозија.
Правта, пареата или течностите може да се
запалат или да експлодираат.

Конекторот користете го
само за целите утврдени
во упатството за употреба.
Веднаш исклучете го
вшмукувачот, доколку

почне да излегува пена или вода и испразнете го
контејнерот.
Инаку вшмукувачот може да се оштети.

Вшмукувачот држете го подалеку
од дожд и влага.
Навлегувањето на

вода во горниот дел од вшмукувачот го зголемува ризикот
од електричен удар.
Вшмукувачот смее да се складира само во

внатрешен простор.

Редовно чистете ги сензорите за
ниво на течност и проверете дали

се оштетени. Инаку функцијата може да се наруши.
Доколку користењето на вшмукувачот во влажна

околина не може да се избегне, користете заштитен
уред со диференцијална струја.
Употребата на
заштитниот уред со диференцијална струја го намалува
ризикот од електричен удар.

Приклучете го вшмукувачот на прописно заземјена

струјна мрежа. Конекторот и продолжниот кабел мора
да имаат функционален заштитен проводник.

Пред секое користење, проверете го вшмукувачот,

кабелот и приклучокот. Не го користете
вшмукувачот, доколку приметите оштетувања. Не
го отворајте сами вшмукувачот и оставете го на
поправка кај квалификуван стручен персонал кој ќе
користи само оригинални резервни делови.
Оштетениот вшмукувач, кабел и приклучок го
зголемува ризикот за електричен удар.

Не го прегазувајте или гмечете кабелот. Не го

тегнете кабелот за да го извадите приклучокот од
конекторот или за влечење на вшмукувачот.
Оштетениот кабел го зголемува ризикот за електричен
удар.

Извлечете го приклучокот од конекторот, пред

одржувањето или чистењето на вшмукувачот, пред
регулирање на поставките на уредот, замена на
деловите или тргање настрана.
Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на вшмукувачот.

Погрижете се за добра проветреност на работното

место.

Вшмукувачот смее да се поправа само од страна на

квалификуван стручен персонал со оригинални
резервни делови.
Само на тој начин ќе бидете сигурни
во безбедноста на електричниот апарат.

Вшмукувачот содржи
прав што е опасна по

здравјето. Празнењето и одржувањето, како и
вадењето на контејнерот за собирање прав смее да се
врши само од страна на стручен персонал. Неопходна е
соодветна заштитна опрема. Не го користете
вшмукувачот без комплетниот филтерски систем.
Инаку го загрозувате вашето здравје.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

ВНИМАНИЕ

ВНИМАНИЕ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

OBJ_BUCH-1746-002.book Page 165 Tuesday, July 23, 2013 1:17 PM