Одржување и сервис – Bosch GLM 80 + R 60 Professional User Manual
Page 232
232 | Македонски
2 609 141 088 | (7.8.13)
Bosch Power Tools
Мерниот уред ја контролира точната
функција при секое мерење. Доколку се
утврди дефект, на екранот трепка само
ознаката покрај него. Во овој случај или
доколку со горенаведените мерки за
помош не може да се отстрани пречката,
предадете го вашиот мерен уред преку вашиот трговец на
сервисната служба на Bosch.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во
испорачаната заштитна ташна.
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други
течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
користете средства за чистење или раствори.
Особено одржувајте ја приемната леќа 17 со истата грижа,
со која треба да се одржуваат очилата или леќата на
фотоапарат.
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред
во заштитната ташна 23.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на полначот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: [email protected]
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Мерните уреди, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте мерните уреди во домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европската регулатива
2012/19/EU мерните уреди што се вон
употреба и дефектните или
искористените батерии според
регулативата 2006/66/EC мора одделно
да се соберат и да се рециклираат за
повторна употреба.
Батерии:
Вградените батерии смее да се вадат само при
трајно отстранување на уредот. Со отворање на
поклопецот на куќиштето, мерниот уред може да се
уништи.
Приказ за наполнетост на батеријата (g) и приказ
„ERROR“ на екранот
Напонот за полнење на
батеријата не е точен
Проверете дали
приклучната врска е
точно воспоставена и
дали правилно
функционира
полначот. Доколку
ознаката на уредот
трепка, батеријата е
дефектна и мора да се
замени од страна на
сервисната служба на
Bosch.
Приказ за наполнетост на батеријата (g) и ознака за
часовникот (f) на екранот
Значајно продолжено време на
полнење, бидејќи струјата на
полнење е прениска.
Користете само
оригинален полнач од
Bosch.
Мерниот резултат не е уверлив
Целната површина не
рефлектира со ист интензитет
(напр. вода, стакло).
Целната површина е
покриена
Излезот на ласерскиот зрак 16
одн. приемната леќа 17 е
покриена.
Излезот на ласерскиот
зрак 16 од. приемната
леќа 17 не треба да се
покрива
Поставено е погрешно
референтно ниво
Изберете го
референтното ниво
соодветно за
мерењето
Пречки при движењето на
ласерскиот зрак
Ласерската точка мора
комплетно да лежи на
целната површина.
Приказот останува непроменет или мерниот уред
реагира невообичаено на притискање на копчињата
Грешка во софтверот
Притиснете ги
истовремено
копчињата Мерење 2 и
копчето за Бришење на
меморијата / копчето
за Вклучување/
Исклучување 8 за да го
ресетирате софтверот.
Причина
Помош
OBJ_BUCH-1347-005.book Page 232 Wednesday, August 7, 2013 4:12 PM