beautypg.com

Безбедносни инструкции – IBM UPS750TLV User Manual

Page 40

background image

36

Безбедносни инструкции –

ЧУВАЈТЕ ГО ПРИРАЧНИКОВ

ВНИМАНИЕ! Упатства за безбедно ракување со опремата – Придржувајте се на безбедносните мерки при кревање.

<18 кг (<40 lb)

32–55 кг (70–120 lb)

18–32 кг (40–70 lb)

>55 кг (>120 lb)

>10º

ВНИМАНИЕ! Заштита од удар од електрична струја

Електричната струја од електричeн приклучок, телефон и комуникациони кабли е опасна. Ве молиме прочитајте ги следните заштитни мерки:

За време на бура не смее да се приклучуваат или исклучуваат кабли, да се извршува инсталација, поправка или реконфигурација на апаратот.

Приклучете ги сите кабли за стуја на заземјени и правилно инсталирани штекери.

Целокупната опрема што ќе биде приклучена на овој апарат треба да биде приклучена на правилно инсталирани штекери.

Доколку е возможно, исклучувајте и вклучувајте ги каблите со една рака.

Никогаш не вклучувајте го апаратот доколку има оган, вода или структурни оштетувања на просторијата каде што се наоѓа апаратот.

Исклучете ги приклучените кабли за струја, телекомуникациони системи, компјутерски мрежи, модеми пред да го отворите капакот на апаратот,

освен ако не е поинаку наведено во прирачникот за инсталирање и конфигурација.

При инсталација, поместување или отворање на капакот на апаратот или приклучените апарати, каблите треба да се приклучат или исклучат според

следниве упатства.

Да се приклучат:

Да се исклучат:

1.

Исклучете ги сите апарати.

2.

Најпрво приклучете ги каблите за струја на апаратите.

3.

Приклучете ги сигналните кабли на конекторите.

4.

Приклучете ги каблите за струја во штекерите.

5.

Вклучете ги апаратите.

1.

Исклучете ги сите апарати.

2.

Најпрво исклучете ги каблите за струја од штекерите.

3.

Исклучете ги сигналните кабли од конекторите.

4.

Исклучете ги каблите за струја од апаратите.

Не работете сами под опасни услови.

Висока струја низ спроводни материјали може да предизвика сериозни изгоретини.

Проверете ја исправноста на каблите, штекерите и електричните приклучоци.

Само квалификувани електричари смеат да ги менуваат приклучниците на UPS-от.

Ако не може да се утврди дали постои заземјување, исклучете го апаратот од мрежа пред да ги инсталирате или поврзете другите апарати. Повторно

приклучете го на струја само откако сите други апарати се поврзани.

Не ракувајте со метални конектори под напон.

Приклучете ја опремата на шуко штек (две фази и нула). Приклучокот за струја мора да биде поврзан на соодветно споредно коло т.е. со заштита од

главната мрежа (преку осигурувач односно исклучник). Во спротивно може да дојде до електро шок.

Само HV модели:

Со цел да се запазат правилата на EMC што се однесуваат на производи наменети за европскиот пазар, излезните кабли на UPS-от не смеат да

бидат подолги од 10 метри.

Целокупната загуба на енергија поради истекување од приклучената опрема и UPS-от не смее да надмине 3.5 mA за приклучлив UPS од тип А.

ВНИМАНИЕ! Сигурносни мерки при празнење на електрична енергија

UPS-от има внатрешен извор на енергија, батерија. Излезот на апаратот може да биде под напон кога тој е исклучен.

За да се разелектризира UPS-от, притиснете го OFF копчето за да ја исклучите опремата. Исклучете го USP-от од струјата. Исклучете ги

надворешните батерии доколку постојат и исклучете ја внатрешната батерија (следете ги упатствата во прирачникот за инсталирање и употреба ).

Притиснете на ON копчето за да ги испразните кондензаторите.

ВНИМАНИЕ! Безбедно ракување со батериите

Оваа опрема содржи потенцијално опасен напон. Погледнете ја документацијата за да видите кои делови можете сами да ги замените.

Батериите не фрлајте ги во оган. Може да експлодираат.

Не отварајте ги и не оштетувајте ги батериите. Батериите содржат отровен електролит штетен за кожата и очите.

За да се избегнат повреди, отстранете ги рачните часовници и накит, на пр. прстени кога ја менувате батеријата. Користете алат со изолирани рачки.

Заменете ги батериите со ист број и вид на батерии како оригиналните батерии во опремата.

Потрошената батерија обавезно предајте ја во центар за рециклирање.

©

2002 International Business Machines Corporation. Сите права задржани.

Забелешка за корисниците - вработени во Владата на САД – Документацијата подлежи на законот за авторски права. – Користењето, копирањето и
разоткривањето информации подлежи на рестрикции наведени во GSA ADP Договорот со IBM Corp.
IBM е заштитен знак на International Business Machines Corporation и во Соединетите Американски Држави и во други земји.

This manual is related to the following products: