Поврзување на мрежа, Мрежна врска - безжична, Безбедносни мерки за безжични мрежи – Samsung UE75F8000ST User Manual
Page 278

Македонски - 14
Затворање на e-Manual
За да ја затворите функцијата e-Manual, притиснете и задржете го копчето
RETURN
или изберете
во горниот десен агол
на екранот или, пак, притиснете го копчето
EXIT
.
Прескокнување на елемент од менито
За директно прескокнување на елементи од менито кои се опишани во тековниот дел, изберете
Проб. сега
. Можете директно
да прескокнете од елементот од менито во соодветниот дел во e-Manual. Ако сакате да прочитате информации од e-Manual
за одредена функција од менито на екранот, притиснете го копчето
E-MANUAL
на виртуелниот далечински управувач или
на стандардниот далечински управувач за да ја вчитате соодветната страница од e-Manual.
✎
Оваа функција може да биде недостапна, во зависност од менито.
Ажурирање на e-Manual
Отворете ја функцијата Smart Hub и изберете Апликации, а потоа изберете Повеќе аплик.. e-Manual може да се ажурира
на истиот начин како што се ажурираат и апликациите.
На екранот на функцијата Повеќе аплик. изберете Ажурирај аплик, а потоа изберете e-Manual од списокот. Функцијата
e-Manual ќе започне да се ажурира со најновата верзија. Имајте предвид дека функцијата Ажурирај аплик се појавува на
екранот само кога е потребно ажурирање.
Поврзување на мрежа
Со поврзување на интелигентниот телевизор во мрежа добивате пристап до услуги на интернет како што е Smart Hub, како
и софтверски ажурирања.
Мрежна врска - безжична
Поврзете го телевизорот на интернет преку стандарден рутер или модем.
Безжичен IP рутер или модем
кој поддржува DHCP сервер
LAN кабел (не се испорачува)
Приклучок за LAN на ѕидот
Безбедносни мерки за безжични мрежи
• Овој Smart TV ги поддржува протоколите за комуникација IEEE 802.11a/b/g /n. Samsung препорачува користење на
IEEE 802.11n. Во спротивно, кога репродуцирате видео запис преку мрежна врска, можно е видео записот да не биде
репродуциран рамномерно.
• За да користите безжична мрежа, телевизорот мора да биде поврзан со безжичен рутер или модем. Ако безжичниот
рутер поддржува DHCP, телевизорот може да користи DHCP или статична IP адреса за да се поврзе на безжичната
мрежа.
• Изберете канал што не се користи во моментот за безжичниот рутер. Доколку избраниот канал за безжичниот рутер во
моментот го користи друг уред, тоа најчесто резултира со пречки и/или неуспешна комуникација.
• Повеќето безжични мрежи имаат дополнителен безбедносен систем. За активирање на безбедносниот систем на
безжичната мрежа, треба да создадете безбедносен клуч составен од знаци и броеви. Подоцна овој безбедносен клуч
ќе биде потребен за поврзување на безжичната мрежа.
Конфигурирање на мрежа
[UF8000-XH]BN68-04794D-06L16.indb 14
2013-10-29 10:08:04