Мрежна врска – Samsung PS51D6900DS User Manual
Page 213

Македонски - 13
Мрежна врска
Можете да го поставите телевизорот да има пристап на интернет преку вашата локална мрежа (LAN) преку жично
или безжично поврзување.
Мрежна врска - безжична
Можете да го поврзете телевизорот на вашата LAN мрежа преку стандарден безжичен рутер или модем.
Адаптерот за безжичен LAN на Samsung ги поддржува протоколите за комуникација IEEE 802,11a/b/g и n. Samsung
препорачува користење на IEEE 802,11n. Кога репродуцирате видео запис преку врска со IEEE 802,11b/g, можно е
видео записот да не се репродуцира рамномерно.
Повеќето безжични мрежни системи се одликуваат со безбедносен систем кој од уредите кои пристапуваат на
мрежата преку пристапна точка или безжичен рутер (најчесто безжичен IP разделник) бара да емитуваат шифриран
безбедносен код наречен клуч за пристап.
Ако го изберете режимот Pure High-throughput (Greenfield) 802,11n, а видот на шифрирање за вашиот безжичен рутер
го поставите на WEP, TKIP или TKI PAES (WPS2Mixed), телевизорите на Samsung нема да ја поддржат врската во
согласност со новите спецификации за Wi-Fi сертификатите.
Мрежна врска - жична
Постојат два стандардни начини за поврзување на вашиот телевизор на вашата мрежа со помош на кабли, во
зависност од поставувањето на вашата мрежа. Погледнете ги сликите подолу:
✎
Не е поддржано кога брзината на мрежата е под 10 Mbps.
Приклучок за модем на ѕидот
Задна ТВ плоча
LAN кабел
Кабел за модем
Надворешен модем
(ADSL / VDSL / кабелска ТВ)
Приклучок за LAN на ѕидот
Задна ТВ плоча
LAN кабел
Приклучок за LAN
на ѕидот
LAN кабел
Безжичен IP разделник
(пристапна точка со DHCP
сервер)
ТВ
[PD6900-XH]BN68-03421E-L17.indb 13
2011-03-08 오전 1:14:45