Решавање на проблеми – Samsung UE40F5370SS User Manual
Page 234
Македонски - 14
Решавање на проблеми и други информации
Решавање на проблеми
Доколку имате прашања за телевизорот, најпрво погледнете ја оваа листа. Ако не можете да
примените ниту еден од овие совети за решавање проблеми, посетете ја интернет страницата
“www. samsung.com,” потоа кликнете на Поддршка или обратете се во центарот за поддршка кој е
наведен на задната корица од овој прирачник.
Проблеми
Решенија и објаснувања
Телевизорот не може да се вклучи.
• Проверете дали AC кабелот за напојување е добро приклучен во ѕидниот приклучок и телевизорот.
• Проверете дали ѕидниот приклучок функционира.
• Обидете се да го притиснете копчето
P
на телевизорот за да проверите дали далечинскиот
управувач работи правилно. Доколку телевизорот се вклучи, погледнете го делот “Далечинскиот
управувач не функционира” подолу.
Нема слика/видео сигнал.
• Проверете ги поврзувањата на каблите. Исклучете ги и повторно приклучете ги сите кабли кои се
поврзани на телевизорот и надворешните уреди.
• Поставете ги излезите на вашите надворешни уреди (кабелски/сателитски приемник, DVD, Blu-ray
итн.) да одговараат на поврзувањата на влезовите на телевизорот. На пример, ако излезот на
надворешниот уред е HDMI, тој треба да биде поврзан на HDMI приклучокот на телевизорот.
• Проверете дали надворешните уреди се вклучени.
• Проверете дали сте го избрале соодветниот влезен извор.
• Рестартирајте го поврзаниот уред така што ќе го исклучите од напојување, а потоа повторно ќе го
вклучите кабелот за напојување на уредот.
Далечинскиот управувач не
функционира.
• Заменете ги батериите на далечинскиот управувач. Проверете дали поларитетот (+/–) на батеријата
е поставен во точната насока.
• Исчистете го прозорецот за пренос на сензорот од далечинскиот управувач.
• Обидете се да го насочите далечинскиот управувач директно кон телевизорот на оддалеченост од
150-180 см.
Далечинскиот управувач од
кабелскиот/set top box приемник не го
вклучува и исклучува телевизорот и не
ја прилагодува јачината на звукот.
• Програмирајте го далечинскиот управувач од кабелскиот/сателитскиот приемник да функционира
со телевизорот. Погледнете го прирачникот за користење на кабелскиот/Set-Top-Box приемник и
пронајдете го кодот за вашиот телевизор од SAMSUNG.
✎
Овој TFT LED екран се состои од подпиксели за чие создавање е потребна софистицирана технологија. На
екранот, сепак, може да се појават неколку светли или темни пиксели. Овие пиксели нема да имаат никакво
влијание на перформансите на уредот.
✎
За да го доведете вашиот телевизор во оптимална состојба, надградете го со најновиот фирмвер на интернет
страницата на Samsung преку USB (Samsung.com > Поддршка > Преземања).
✎
Некои слики и функции погоре се достапни само кај одредени модели.
Монтирање на телевизорот на ѕид користејќи го
комплетот со ѕиден носач (изборно)
Монтирање на ѕид или таван
Ако го монтирате производот на ѕид, тоа треба да го сторите на начин кој го препорачува
производителот. Доколку не го монтирате правилно, производот може да излезе од
лежиштето и да падне, да предизвика сериозни повреди на деца или возрасни и сериозни
оштетувања на производот.
Монтирање на комплетот со ѕиден носач
Комплетите со ѕиден носач (се продаваат одделно) ќе ви овозможат да го монтирате телевизорот
на ѕид.
За детални информации во врска со инсталирањето на ѕидниот носач, погледнете ги инструкциите
кои се испорачуваат со ѕидниот носач. Ви препорачуваме да се обратите до техничко лице
за помош при инсталирањето на ѕидниот носач. Не Ви препорачуваме да го направите сами.
Компанијата Samsung Electronics не е одговорна за оштетувањата на производот или повредите кај
вас или другите лица, доколку се одлучите сами да го монтирате ѕидниот носач.
[UF5370-ZH]BN68-04824E-03L16.indb 14
2013-11-14 9:35:13