Samsung PS51E6500ES User Manual
Page 254

Македонски - 12
Поврзување со отворот за ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРФЕЈС (отвор за картичка за гледање кај вашиот телевизор)
Користење на “CI или CI+ картичка”
За гледање на канали кои треба да се платат, мора да
вметнете “CI или CI+ картичка”.
• Ако не вметнете “CI или CI+ картичка”, на некои канали
ќе се прикаже пораката “Кодиран сигнал”.
• По 2-3 минути ќе се прикажат информации за
впарување кои содржат телефонски број, ID ознаката
на “CI или CI+ картичка”, Host ID и други информации.
Доколку се прикаже порака за грешка, ве молиме
обратете се до давателот на услугата.
• По завршување на конфигурирањето на информациите
за каналите ќе се прикаже пораката “Ажурирањето е
завршено”, известувајќи ве дека списокот со канали е
ажуриран.
✎
ЗАБЕЛЕШКА
• “CI или CI+ картичка” мора да обезбедите од локалниот давател на кабелски услуги.
• При отстранување на “CI или CI+ картичка”, внимателно извлечете ја со рацете бидејќи ако “CI или CI+
картичката” ви падне може да ја оштетите.
• Вметнете ја “CI или CI+ картичката” во насоката која е означена на картичката.
• Положбата на отворот за
COMMON INTERFACE
може да се разликува во зависност од моделот.
• “CI или CI+ картичката” не е поддржана во некои држави и региони; проверете кај овластениот
продавач.
• Доколку имате некакви проблеми, обратете се кај давателот на услуги.
• Вметнете “CI или CI+ картичка” која ги поддржува тековните поставувања на антената. На екранот ќе се
појават изобличувања или ништо нема да се прикаже.
12_BN68-04092E-01MKD.indd 12
2013-02-01 1:29:20