beautypg.com

Samsung PS51E6500ES User Manual

Page 248

background image

Македонски - 6

Користење на контролното копче на телевизорот (копче на панелот)

Контролното копче на телевизорот претставува повеќенасочно копче кое овозможува навигација без
далечински управувач.

Некои функции, за кои е потребен PIN код, може да не бидат достапни.

Бојата и обликот на производот може да се разликуваат во зависност од моделот.

Контролното копче на телевизорот, мало копче во вид на управувачка палка сместено на долната лева
страна на телевизорот, ви овозможува да го контролирате телевизорот без далечинскиот управувач.

m

R

P

Мени за функции

Сензор за далечинскиот управувач

Десно

Надолу (напред)

Нагоре (позади)

Лево

Контролно копче на телевизорот

Следете ги овие упатства, седејќи свртени кон предната страна на телевизорот.

При избирање на функцијата со движење на контролното копче во една од насоките нанапред/наназад/
лево/десно, внимавајте да не го притиснете контролното копче. Ако прво го притиснете, нема да можете
да ракувате со движењето во насоките нанапред/наназад/лево/десно.

Вклучување на напојувањето

Вклучете го телевизорот со притиснување на контролното копче кога
телевизорот е во режим на подготвеност.

Прилагодување на јачината на
звукот

Со движење на контролното копче од една на друга страна, кога
напојувањето е вклучено, може да ја прилагодувате јачината на звукот.

Избирање на канал

Изберете канал со поместување на контролното копче наназад и нанапред,
кога напојувањето е вклучено.

Користење на менито за
функции

За прегледување и користење на менито за функции, притиснете и отпуштете
го контролното копче кога напојувањето е вклучено. За затворање на менито
за функции, повторно притиснете и отпуштете го контролното копче.

Избирање на функцијата
МЕНИ (

m

)

Штом се појави менито за функции, изберете МЕНИ (

m

) со поместување на

контролното копче на лева страна. Ќе се појави менито на екранот (OSD). Изберете
опција со поместување на контролното копче на десна страна. Поместете го
контролното копче на десна или лева страна или, пак, наназад и нанапред за да
извршите дополнителни избирања. За промена на некој параметар, прво изберете
го параметарот, а потоа притиснете го контролното копче.

Избирање на функцијата
SMART HUB (

)

Штом се појави менито за функции, изберете SMART HUB (

) со

поместување на контролното копче наназад. Ќе се појави главниот екран
на функцијата SMART HUB. Изберете некоја апликација со поместување на
контролното копче, а потоа притиснете го контролното копче.

Избирање на функцијата
Извор (

s

)

Штом се појави менито за функции, отворете ја функцијата Извор (

s

) со

поместување на контролното копче на десна страна. Ќе се појави екранот на
функцијата Извор. За да изберете Извор, поместете го контролното копче наназад
и нанапред. Кога ќе го означите саканиот извор, притиснете го контролното копче.

Исклучи (

P

)

Штом се појави менито за функции, изберете Исклучи (

P

) со повлекување

на контролното копче нанапред, а потоа притиснете го контролното копче.

За затворање на функциите Мени, Smart Hub, или Извор, притиснете го контролното копче подолго од 1 секунда.

Режим на подготвеност

Вашиот телевизор ќе премине во режим на подготвеност кога ќе го исклучите и тој ќе продолжи да троши мало количество на
електрична енергија. За да бидете безбедни и да ја намалите потрошувачката на енергија, не го оставајте вашиот телевизор подолг
период во режим на подготвеност (на пример, кога ќе отпатувате на одмор). Најдобро е да го исклучите кабелот за напојување.

12_BN68-04092E-01MKD.indd 6

2013-02-01 1:29:17

This manual is related to the following products: