English, Македонски – Milwaukee DD 3 -152 User Manual
Page 108

105
English
GB
Македонски
Mak
Проверете ги круните за дупчење пред употребата. Употребувајте
само уредни круни за дупчење. Оштетени или деформирани
круни за дупчење можат да доведат до опасни ситуации.
Проверете ја круната за дупчење по однос на цврста поставеност.
Погрешно или несигурно прицврстени круни за дупчење
можат да се откачат за време на работата и да ви предизвикаат
опасност.
Овој апарат смее да се употребува само со управување со две
раце или на пултот за дупчење.
Не изложувајте го стативот на бормашината на дожд и не
употребувајте го во водени, влажни простории или во простории
со опасност од експлозија.
Секогаш грижете се за безбедна подлога и држете ја машината
со девте раце. Држете ги децата и животните далеку од зоната
на работа.
Кај влажно дупчење на висина над глава, водата што излегува
мора да се собира. За таа цел ставете го електро-алатот во пулт
за дупчење и монтирајте прстен за собирање вода.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕбА
Дијамантската бор-машина се употребува за суво дупчење во цигла
и варовнички песочен камен како и за влажно дупчење во бетон.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООбРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под „Технички
податоци„ опишаниот производ е во склад со сите релевантни
прописи од регулативата 2011/65/EU (RoHs), 2004/108/
EG, 2006/42/EG и следните хармонизирачки нормативни
Документи:
EN 60745-1:2009 + A11:2010
EN 60745-2-1:2010
EN 61029-1:2009
EN 61029-2-6:2010
EN 55014-1:2006 + A1:2009 + A2:2011
EN 55014-2:1997 + A1:2001 + A2:2008
EN 61000-3-2:2006 + A1:2009 + A2:2009
EN 61000-3-3:2008
Winnenden, 2013-03-12
Alexander Krug / Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany
ГЛАВНИ ВРСКИ
Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот напон
наведен на плочката. Можно е исто така и поврзување на приклучок
без заземјување доколку изведбата соодветствува на безбедност
од 2 класа..
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни
упатства и инструкции.
Заборавање на почитувањето на безбедносните упатства и
инструкции можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во
иднина.
бЕЗбЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА бОР-МАшИНИ
Носете штитник за уши. Влијанието на бука може да предизвика
губење на сетилото за слух.
Користете помошни рачки кои доаѓаат заедно со алатот.
Губењето контрола може да предизвика повреда.
Држете го електричниот алат за издадените површини при
изведување на операции при кои алатот за сечење можат да
дојдат во контакт со скриени жици или сопствениот гајтан.
Контакт со жица под напон исто така ќе направи проводници од
металните делови и оној кој ракува со алатот ќе доживее струен удар.
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината постојано
носете заштитни очила. Се препорачува заштитна облека како: маска
за заштита од прашина, заштитни ракавици, цврсти чевли што не се
лизгаат, кацига и заштита за уши.
Носете заштитни ракавици при замена на круната за дупчење. При
подолга работа на електро-алатот круната за дупчење може да стане
жешка.
Прашината која се крева при работа со овој алат може да биде
штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го телото. Користете
систем за апсорпција на прашината и носете соодветна заштитна
маска. Одстранете ја целосно наталожената прашина пр: со
правосмукалка.
Вграденото фрикционо квачило секогаш реагира на незгодно
заглавување, поради што треба секогаш да ја користите
дополнителната рачка.
Вклучувањето на кабелот во струја се прави исклучиво машината е
исклучена.
Чувајте го кабелот за напојување подалеку од работната површина.
Секогаш водете го кабелот позади вас.
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги избегнете
електричните, гасните и водоводни инсталации.
Никогаш не го употребувајте електро-алатот без испорачаниот
заштитен прекинувач за погрешна струја (PRC).
Пред употреба проверете ја машината, кабелот и приклучокот од
било какви оштетувања или замор на материјалот. Поправките
треба да бидат спроведувани исклучиво од овластени сервисери.
Оштетените утикачи за во мрежа и мрежните кабли смеат да бидат
поправани или заменувани само од служба за клиенти на Milwaukee.
Внимавајте на тоа, луѓето во работното подрачје како и електро-
алатот да не дојдат во контакт со вода што излегува.
По прекин на вашата работа повторно вклучете ја дијамантската
бор-машина само откако ќе се уверите, дека круната за дупчење се
врти слободно.
Не смее да се обработува материјал што содржи азбест.
Никогаш не го оставајте електро-орудието ако орудието за
применување не е дојдено во потполно мирување. Орудието за
примена кое што се врти може да дојде во контакт со подлогата
за оставање со што би можеле да ја изгубите контролата врз
електро-орудието.