beautypg.com

Epson AcuLaser CX37DNF User Manual

Page 170

background image

❏ Прилагодувајте ги само оние контроли што се опфатени во инструкциите за работа.

Неправилно прилагодување на другите контроли може да резултира во оштетување и ќе
изискува поправка од страна на квалификуван сервисер.

❏ Не исклучувајте го печатачот:

-По вклучувањето на печатачот, почекајте додека не се појави Ready на LCD-екранот.
-За време на печатење или за време на други операции, како што е ис праќање податоци до
надворешни направи.

❏ Избегнувајте да ги допирате компонентите во печатачот освен ако не сте упатени да го

сторите тоа во ова упатство.

❏ Следете ги сите предупредувања и упатства посочени на печатачот.

❏ Не обидувајте се сами да го сервисирате овој производ освен како што е специфично

објаснето во документацијата на печатачот.

❏ Периодично исклучувајте го приклучокот од електричниот штекер и чистете ги сечивата.

❏ Не исклучувајте го приклучокот додека работи печатачот.

❏ Ако печатачот нема да се користи долго време, исклучете го приклучокот од електричниот

штекер.

❏ Исклучете го печатачот од ѕид пред чистење.

❏ Користете добро исцедена крпа за чистење и не користете течност или аеросолни средства

за чистење.

❏ Кога го преместувате печатачот, секогаш држете го хоризонтално.

❏ Не вадете ја заглавената хартија насила. Искинатата хартија тешко се вади и може да

предизвика друго заглавување на хартија. Повлечете ја хартијата нежно и полека за да не ја
скинете, да не паднете и да не се повредите.

❏ Не тргајте го кабелот за напојување при вадење на приклучокот. Секогаш држете го

приклучокот при вадење.

❏ Не дозволувајте работ на хартијата да се лизга врз вашата кожа бидејќи работ на хартијата

може да ве исече.

❏ При пренесување на печатачот, исклучете го и извадете го кабелот за напојување од

електричниот приклучок. Извадете ги сите кабли.

Epson AcuLaser CX37 Series Safety Information Guide

Безбедносни упатства 6